Црна хроника
Нови апсења на дилери кои продавале кокаин и марихуана во Охрид и Струга
Министерството з авнатрешни работи поднесе кривични пријави против уште тројца дилери на дрога кои продавале кокаин и марихуана на локации во Струга и Охрид, во рамки на акцијата „Мрежа“.
Утрово биле извршени претреси кај две лица, еден на подрачјето на градот Струга, а другиот претрес бил извршен во село Велешта. Првоосомничениот на возраст од 28 години бил уапсен во Велешта и за него постојат сознанија дека подолг времесни период, заради неовластена продажба на наркотични дроги кокаин и марихуана, организирал мрежа на препродавачи и посредници при што ангажирал повеќе лица.Посредниците во продажбите, наркотичната дрога ја продавале по различни цени и количини, со цел стекнување на противправна имотна корист, и добивале одреден процент од недозволената трговија со дрога, но најголем дел од заработката го задржувал организаторот.Првоосомничениот дилер од засега непознати лица од Албанија набавувал кокаин и марихуана кои ги носел во својот дом во с.Велешта каде ги препакувал во помали количини односно дози и ги продавал на повеќе лица дилери и уживатели на претходно договорени средби на локации во Струга и Охрид. Продажната цена се движела од 3.000,оо денари за еден грам кокаин и 500 денари за паковка марихуана. Со цел неовластената продажба да се одвива континуирано, осомничениот им давал инструкции и насоки на останатите посредници да остваруваат средби и да им носат наркотична дрога на лица заради понатамошна продажба, притоа барајќи паричните средства стекнати од продажбата да му бидат предадени. При извршениот претрес кај во Велешта пронајдени се 25 паковки со прашкаста материја, дел скриени во кутија од шумливи таблети, потоа остатоци од марихуана, околу 2000 евра, куршум, повеќе мобилни телефони и други вредни предмети (кои најверојатно биле оставени како залог за купување дрога) и лични документи. Во вториот претрес во Струга кај еден од посредниците на организаторот пронајдени се гасен пиштол, сад со остатоци од прашкаста материја и мобилен телефон.Пронајдената прашкаста материја и другите предмети ќе бидат доставени до Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради нејзино вештачење.МВР до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против три лица, двајца на возраст од 28 години и едно лице на возраст од 41 година сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.Инаку за уште едно лице постојат сомненија дека делувало во рамки на оваа криминална група и против него во претходен период е поднесена кривична пријава за истото дело и лицето веќе се наоѓа во притвор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 26-годишник
Вчера во 20:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Д. од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен бегалец од затвор, спроведен е во „Идризово“ за доиздржување на казнатa
Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово.
А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ.
Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на казната.
Црна хроника
Уапсен кумановец, возел со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено
Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.

