Македонија
Докторите да не користат годишни одмори, „Ало, докторе“ станува кол-центар
Министерот за здравство, Венко Филипче, ги соопшти дополнителните мерки и препораки на Владата, а во врска со коронавирусот.
Па, така, библиотеките, студентските и ученичките домови ќе престанат со работа во наредните 14 дена. Утврдени се и категориите хронично болни лица, кои треба да добијат потврда од матичен лекар – станува збор за болните од хронични респираторни болести, малигни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабетес 1.
Понатаму, им се препорачува на сите вработени лица во здравствениот сектор да не користат годишни одмори, како и платени и неплатени отсуства за време на овој период.
Министерството за здравство телефонскиот број на „Ало, докторе“ ќе го пренамени во кол-центар со цел да се зголеми капацитетот за информирање за коронавирусот. Собранискиот канал и Македонската радио-телевизија ќе бидат должни на дневна основа да ги објавуваат сите заклучоци од Владата во врска со препораките за коронавирусот, исто како и државната агенција МИА.
Се задолжува и МВР во текот на денот да објави соопштение дека ќе има соодветни мерки за сите лица што на социјалните медиуми објавуваат дезинформации во врска со коронавирусот и за сите медиуми што тие ги преземаат и ги објавуваат.
Сите вработени во државниот и јавниот сектор, а по препорака и во локалната самоуправа и приватниот сектор, кои имаат деца под 10 години и ќе отсуствуваат од работа, ќе треба да достават доказ за оправдано отсуство, односно потврда од градинката/училиштето, копија од патна исправа за возраста на детето, потврда за редовен ученик или копија од свидетелство.
Понатаму, ќе има засилени контроли при излез од земјата, а задолжителна ќе биде и дезинфекција на сите градинки и училишта.
Вработените во МВР, Министерството за одбрана, противпожарните екипи и вработените во домовите за стари лица се изземаат од овие мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружението за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип и има меѓународен сертификат за институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и во приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС – Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпадот и одржување чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, соопштија од Град Скопје.
Македонија
Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите: Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
„Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, објави таа на социјалните мрежи.
Порача дека само преку заемна почит и разбирање можат да се создадат услови за напредок и побезбедна иднина за сите.
Македонија
Трајановски: Паметно осветление во сите паркови и дворови на градинките и училиштата
Во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина. Старото јавно осветлување го заменуваме со ново СМАРТ економично јавно осветлување, со цел да добиеме модерен систем за јавно осветлување што ќе креира заштеда на средства, вели Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ.
Како што појасни на почетокот овој проект ќе се имплементира во јавните паркови, дворовите на сите детски градинки и основни училишта низ општината.
Потоа ќе продолжи и кон замена на јавното осветлување и на сите улици и паркинзи во општината.
„Овој проект ќе овозможи Енергетска ефикасност и заштеда на финансиски средства.
Затоа ве повикувам на 2 ноември да дадеме поддршка на концептот што ќе гради и создава иднина, а не коцнепт на кочење и не работа“.

