Свет
(Видео) Лекарите во Вухан ги симнаа маските од лице
Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирус, во кинеската провинција Хубеј, се затворени во вторникот. Тоа значеше и затворање на сите 16 привремени болници за заболени од коронавирус во овој град.
Winners: Chinese doctors celebrate closure of the last temporary hospital in Wuhan – the coronavirus is defeated and they can remove the masks
Not so bright for the rest of the world though pic.twitter.com/7LVs5iQUpu— Best of Aliexpress and China (@coolstuffcheap) March 11, 2020
Вкупно 49 пациенти излегле од привремените болници во вторникот. На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како лекарите го одбележуваат моментот кога е затворена и последната привремена болница.
Тие стојат на скали и додека камерата ги снима еден по еден тие ги симнуваат своите заштитни маски за лице. На лицата имаат широки насмевки, а некои и мавтаат кон камерата. Ова видео го обиколи светот и собра бројни позитивни коментари.
Кинеските власти претходно преуредија јавни објекти, како што се изложбени центри и спортски сали, во 16 привремени болници.
Тие служеа како изолација и за лекување пациенти заболени од коронавирус. Во овие центри лекарска помош добија околу 12.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото
Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот се урна утринава во 5:30 часот по локално време во станбена зона во Вилнус, на неколку километри од пистата.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како авионот се подготвува за слетување.
На небото се гледаат светлата на авионот додека полека ја спушта висината. И тогаш, во еден момент, доаѓа до страшна експлозија и блесок што го осветлува небото.
BREAKING VIDEO: Huge fireball as cargo plane crashes into residential building while approaching Vilnius International Airport in #Lithuania, leaving at least 1 dead, 3 injured.
pic.twitter.com/UBb96ZJ1g0— Breaking News Video (@BreakingAlerter) November 25, 2024
Еден член на екипажот загина при падот, а останатите тројца со повреди беа извлечени од леталото и беа пренесени во болница. Авионот се излизгал неколку стотици метри пред да удри во станбена зграда.
Според официјални лица, 12 лица кои биле во објектот во моментот на ударот биле извлечени живи.
Причината за падот на авионот се’ уште не е позната, а истрагата е во тек. Бројни теории кружат за тоа што му претходело на падот, а според надлежните не е исклучена ниту можноста од терористички напад.
„Еден од членовите на екипажот е пронајден без знаци на живот“, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Државниот кризен центар. Виткаускас рече дека е прерано да се извлечат какви било заклучоци за тоа што ја предизвикало несреќата и дека околностите и причините се истражуваат.
Во овој момент нема индикации дека на авионската несреќа и претходела експлозија во леталото. Се верува дека авионот паднал поради технички дефект или човечка грешка. Но, не е исклучена ниту опцијата дека се работи за терористички чин, пишуваат локалните медиуми.
„Ова е една од верзиите за несреќата, која ќе биде истражена и проверена. Пред нас е многу работа. Собирањето докази може да потрае цела недела, нема да има брзи одговори“, рече Паулаускас.
Регион
Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград
Жената која преживеа тешка сообраќајна несреќа во Раковица, населба на југот на Белград, од саботата е хоспитализирана. Имено, како што пишува Телеграф.рс, во неа на пешачки премин удрил возач на автомобил „ситроен“. Вториот возач кој управувал автомобил „БМВ“ не закочил навреме и го прегазил телото на жената.
На двајцата возачи им било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека не биле под дејство на алкохол. Жената била примена во болница со тешка повреда на слезината и повреди на главата.
За случајот е известено Второто основно јавно обвинителство Белград, кое и наложило на полицијата да ги достави извештаите за незгодата, да изврши вештачење на возилото и да обезбеди снимка од камерата.
Европа
Украинците за прв пат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин
Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета која беше пробно лансирана во четвртокот, погодувајќи фабрика во Украина.
Украинските власти во четвртокот известија дека фабрика во централниот украински град Днепар била погодена од балистичка ракета со среден дострел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека истрелувањето на експерименталната ракета Орешник е одговор на употребата на американски и британски ракети кои се способни да погодат подлабоко во руска територија.
Украинската безбедносна служба вчера на новинарите им ги покажа остатоците од новата експериментална балистичка ракета. Ракетата наречена Орешник (на руски значи лешник), наводно е базирана на интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 Рубеж и може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.
Остатоците, кои сè уште не се детално анализирани, открија јагленосани остатоци и уништени компоненти. Според безбедносните службеници, деловите им биле прикажани на медиумите пред истражителите да ги извлечат на непозната локација во Украина.