Македонија
(Видео) Спасовски: Воведувањето кризна состојба е најдобро решение, жителите да не паничат
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, посочи дека кризната ситуација во Дебар и Центар Жупа, од каде што се најголем број од заразените со коронавирус, е најдобро решение во моментов, со цел справување и превенција од ширење на заразата. Тој се обрати до жителите на двете општини, кои ги замоли да не паничат.
„Во оваа прилика посебно им се обраќам на граѓаните од Дебар и Центар Жупа. Ова е најдоброто решение. Ова е решение кое најбргу ќе даде резултати. Ве замолувам да нема поголема паника. Воспоставен е организиран и институционален систем, ќе ги покрие сите аспекти за грижа за граѓаните во овие подрачја. Ќе ги обезбедиме сите услови за да ги добиете најдобрите здравствени мерки. Во Дебар, Центар Жупа и сите населени места ќе има услови за функционирање на производството на храна, аптеките, болниците, а пак, банките, комуналните служби и поштата ќе работат по скратено работно време“, рече Спасовски.
Премиерот е категоричен дека сите институции ќе одговарат на предизвикот за да се спречи ширењето на инфекцијата.
„Министерството за здравство ќе врши постојано следење на епидемиолошките, вирусолошките и клинички на заболувањето согласно протоколот и алгоритмите. МВР и Министерството за здравство ќе ја спроведуваат забраната за излегување на граѓаните од кризното подрајче, освен во случај на животозагрозивачка состојба со возило на Итна медицинска помош и со потврда од овластено лице од Министерството за здравство. Армијата, МВР и МЗ се заодлжени да го обезбедат режимот и контролата во кризното подрајче, како и засилена контрола на државната граница во реонот на Дебар. МВР се грижи за контрола и регулирање на сообраќајот. Дирекцијата за заштита и спасување ќе дезинфицира во кризното подрачје. МВР и Центарот за управување со кризи, како и Единиците на локалната самоуправа ќе обезбедат континуиран транспорт на намирници и реагенси, како и други потреби за граѓаните. Има и други мерки и активнсоти за справување и зајакнување на мерките за заштита“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.

