Црна хроника
Уапсен новинар, судија, јавен обвинител, адвокат
Уапсен новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски, актуелен судија во велешкиот суд, адвокат и јавен обвинител од Велес.
Од МВР засега единствено откриваат дека се работи за полициска акција поврзана со откривањето на идентитетот на заштитениот сведок Бреза во случајот со убиството на старецот во Ореше.
Судот во Велес на 29 март годинава поради немање докази ги ослободи браќата Ордан и Лупчо Ѓоргиевски, како и Ѓоре Петровски, од обвинението за платено убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски од Ореше.
Пред извесно време се случи пресврт во овој судски процес, кога заштитениот сведок под псевдонимот „Бреза“, кој настапи со изјава против обвинетите за платеното убиство во село Ореше, призна дека инспектори од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) го принудиле да прифати улога на заштитен сведок, со цел да даде изјава против обвинетите, браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски.
Според обвинението за случајот Ореше којшто се води скоро една деценија, Ѓоре Петровски од САД се товари дека за 20 илјади долари го платил убиството над старецот Лазо Милошевски на 2-ри декември 2005-тата во селото Ореше а како извршители за 20 илјади долари ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски. Тие во два наврати беа осудени по 12 години, а Апелација го враќаше предметот на ново судење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

