Црна хроника
Прилепчани во Скопје украле пари и накит во вредност од над 5 илјади евра

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела тешка кражба.
Како соизвршители обвинетите во неколку наврати извршиле провали и кражби во станови во главниот град.
На 9 март годинава, со употреба на клуч калауз, провалиле во стан на булеварот Јане Сандански. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300 денари, од кои златен накит во вредност од 103.550 денари и парични средства во вредност од 67.750 денари.
Истиот ден и на ист начин провалиле во друг стан во близина, од каде што одзеле златен накит во вредност од 91.350 денари и парични средства во висина од 49.200 денари, во вкупна вредност од 140.550 денари.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на мерките притвор за обвинетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, возел со брзина од 121 км на час на место каде е дозволено 50

Полицијата уапси скопјанец кој управувал возило со брзина од 121 км на час на место каде дозволената брзина е 50 км на час.
Вчера во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје.
При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик -„Безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир.
Од тука информираа дека постапка ќе се води и против едно дете, согласно Законот за правда за децата, а се работи за момче на 14-годишна возраст.
Оружениот инцидент што завршил со боксови и нож, почнал со вербална сообраќајна расправија, меѓу 18-годишникот и неговиот татко од една страна и 14-годишникот од другата страна.
Од прибраните докази постои сомневање дека расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош.
Тројцата се повредени, при што малолетникот и таткото се хоспитализирани со тешки телесни повреди. Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил.
Црна хроника
Кривична против полицаец: дозволил привремен престој на седум странски државјани иако биле ризик за државата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот, полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Исток, во два наврати во декември 2024 година и во пет наврати во април 2025 година, постапил спротивно на законските прописи и на седум странски државјани апликанти издал решенија со кои им се одобрува правото на привремен престој на територија на државата, и покрај тоа што по извршени безбедносни проверки било утврдено дека претставуваат закана за јавниот поредок, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на Република Северна Македонија.