Македонија
„А1 Македонија“ нуди бесплатна услуга за видеоконференција

„А1 Македонија“ ги продолжува активностите како поддршка за сите свои корисници со цел поедноставно секојдневие во новонастанатата состојба предзивкана од вирусот ковид -19.
Од денеска, А1 во соработка со „eyeson“ бесплатно ја овозможува услугата видеоконференција, која е одлично решение за реализација на состаноци, без физичко присуство на иста локација. Станува збор за професионално решение преку кое може да бидат поврзани до 100 видеоучесници, хостирано на платформата на А1.
Со услугата видеоконференција може да реализираат квалитетни видеоповици, со совршено јасна слика, едноставно и брзо, без инсталирање апликации, а е достапна преку лаптоп, компјутер или смартфон и обезбедува комплетна сигурност.
Услугата видеоконференција е достапна бесплатно за користење до 30.06.2020, притоа не е потребно да внесувате податоци од платежна картичка.
Две недели пред истекот на бесплатниот период сите корисници ќе добијат известување како и информација за условите под кои услугата ќе биде достапна за користење понатаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.