Црна хроника
Автобус на ЈСП излета од патот, повредени неколкумина патници
Автобус на ЈСП со број 67, кој сообраќа на релација Транспортен центар – Зелениково, во вторник изутрина излетал од патот, при што полесно биле повредени неколку патници.
Инцидентот се случил утрово во шест часот и 10 минути на ул. „Драчевска“, а според првичните информации нема потешко повредени патници. Оние кои се здобиле со повреди се пренесени во ГОБ „8-МИ Септември“, но точната бројка на хоспитализирани не е позната.
Полицијата врши увид на местото на настанот и работи на утврдување на причините за незгодата.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето
Вчера во 10.06 часот во СВР Скопје, 47-годишниот Б.П. од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед, 64-годишниот З.К. од Скопје пукал со воздушна пушка и погодил мачка, сопственост на пријавителот, извести МВР.
Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец измамен за 800 евра
Вчера во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“, нема повредени
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, извести МВР.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.