Црна хроника
Гo симнал албанското знаме во Тетово и расекол полицаец

Засега непознато лице во саботата при обид да биде легитимиран од двајца полицајци на едниот му нанел незначителна повреда со нож, а подоцна било констатирано дека е симнато албанското знаме од домот на културата во Тетово.
Во саботата рано утрината околу 05,00 часот, во Тетово на улицата „Маршал Тито“, додека двајца полициски службеници го обезбедувале Домот на културата, забележале непознато лице како излегува од Домот кое на дадена наредба да застане истото се дало во бегство, а при обид да го приведат, непознатиот со нож му нанело расекотина на прст на еден од полицајците, по што се дал во бегство.
По ова, од страна на полициските службеници било констатирано дека е симнато албанското знаме кое било поставено во предниот дел на Домот на културата.
Тетовската полиција соопшти дека презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.