Македонија
Општина Аеродром со засилени мерки за заштита од коронавирусот
Во текот на вчерашниот ден Општина Аеродром одржа координативен состанок во врска со состојбата со коронавирусот и превентивните мерки што ги презема Општината во согласност со препораките на Министерството за здравство. Притоа беа донесени следниве заклучоци:
– Воведување телефонска линија со бројот 070/297-140, на кој граѓаните ќе може да побараат помош за набавка и достава на прехранбени производи и лекови. На истиот број е достапна и комуникација преку „Вибер“ и „Вацап“;
– Во соработка со Црвениот крст формирање тимови за помош и поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и лица што се наоѓаат во самоизолација за набавка на храна, средства за хигиена и снабдување со лекови;
– Прскање на сите автобуски постојки, детски игралишта, спортски игралишта, рачките на контејнерите со средство за дезинфекција;
– Им се препорачува на управителите на станбените згради да почнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови на сите станбени згради на територијата на општина Аеродром;
– Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравство и Владата на Република Северна Македонија. Здравјето на граѓаните на прво место!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

