Црна хроника
Ограбена црква во Бабино

Икони, крст и пари се украдени од црква во село Бабино, демирхисарско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила на крајот на минатиот месец, во црквата „Свети Никола”. Крадецот со употреба на погоден предмет ја разбил вратата и влегол во црквата од каде што украл 18 икони, мал сребрен крст и околу 70 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тепачка во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница, нападнат фудбалер на „Карбинци“

Две лица физички нападнале фудбалер од клубот „Карбинци“ во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 04 јуни во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК „Карбинци“.
Црна хроника
Девојка пронајдена почината во казино во Центар

Дваесет и четиригодишна девојка е пронајдена почината во казино во Центар, Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината 24-годишната Г.Ј. од Охрид, вработена во казиното.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Украдени бисти со ликови на починати лица од гробиштата во Бутел

Крадци украле бисти со ликови на починати лица од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места на Градските гробишта Бутел, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени две бисти со лик на починати лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.