Црна хроника
Опожарени три нови контејнери во Центар
Во текот на денов три нови контејнери со зафатнина од 3,2 м3 беа опожарени од страна на непознати сторители на улицата Васил Главинов во општината Центар. Опожарените контејнери се целосно уништени и неупотребливи и истите во најкус можен рок ќе бидат заменети со нови садови.
„,Апелираме до граѓаните на градот Скопје да престане вандализмот и уништувањето на садовите за одлагање на отпадот, за екипите на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен. Во време на епидемија од глобални размери, ваквите инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го зголемуваат ризикот за ширење заразни заболувања. Во овие околности, граѓаните треба особено внимателно да ракуваат со урбаната опрема, а својот отпад да го одлагаат само во поставените садови, уредно спакуван во затворени ќеси, со цел да се намали можноста од создавање диви депонии и да се заштити сопственото и колективното здравје“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

