Македонија
Пет нови случаи на заразени од коронавирус – четворица се од Дебар, а една пациентка е од Скопје
Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција ги потврди информациите дека има пет нови случаи на заразени од коронавирус од кои четворица се од Дебар, а една пациентка е од Скопје. Со ова, вкупната бројка заболени од Ковид – 19 се искачи на 31.
„Позитивен е тестот на утрово дијагностицираниот пациент, сопруга на пациентот кој претходно се тестираше и во ‘Жан Митрев’ таа ќе биде хоспитализирана на Инфективната клиника. Другите четворица се од приватна здравствена установа во Дебар, дел се само носители, позитивни, кои веројатно ќе ја развијат болеста“, рече Филипче.
Тој додаде дека од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија, освен епидемиологот и тројцата инфектолози кои ќе вршат скрининг, третман, домашни визити и слично.
Филипче се осврна на важноста на здравствените работници во оваа ситуација.
„Целосно сме свесни дека здравствените работници се најекспонирани, но ние мораме да правиме сè за да ги заштиме, мораме да обезбедиме одржлив и стабилен здрав систем за сите. Нема да има оправдување за никој кој не се придржува до мерките, затоа што од тоа зависи јавното здравје. Тие здравствени работници имаат семејства, се жртвувале во текот на животот, се едуцирале за да им помагаат на нашите граѓани. Нивниот трудот, напор и улогата е непроценлива. Затоа, мора да водиме грижа за сите нас“.
Тој вели дека е најважно пикот на вирусот да не дојде нагло, како што тоа се случило во други земји.
„Ние очекуваме да биде благ, за да не дојдеме до ситуација здравствениот систем поблаго да ги примени мерките. Колку пикот дојде поостро, толку поголеми проблеми прави во здравствениот систем“, рече Филипче и ги повтори апелите до граѓаните да останат дома и да се држат до препорачаните мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на декември подигнати 𝟣𝟥 𝟢𝟢𝟢 тони комунален отпад во Скопје
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, екипите на Претпријатието отстранија и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.

Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош“, се додава во соопштението на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.

