Црна хроника
Кривична против кичевец кој на граница ветил дека ќе ги почитува мерките, но во Пласница веднаш ги прекршил
																								
												
												
											Полицијата поднесе кривична пријава против 53-годишник од Кичевско бидејќи не ги почитувал здравствените прописи за време на епидемијата од коронавирус.
Како што информираат од МВР, 53-годишниот жител на село Пласница на 16 март на граничниот премин Табановце, при влез во државата, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија и дека во времетраење од 14 дена во својот дом ќе спроведе задолжителна самоизолација.
Но, веќе два дена поднцна, на 18 март, тој бил забележан како управува автомобил на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево по што полициски службеници го сопреле возилото.
Утврдено е дека пријавениот не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
														Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз неговата малолетна поќерка
														Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП
														Дванаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди во автобус на ЈСП откако возачот закочил нагло.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

