Европа
Шулц: Односите со Русија се затегнати
Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц изјавил дека со Русија постои „затегната состојба“, која не смее да излезе надвор од контрола.
Во интервју за виенски Kurier, Шулц изјавил дека Русија е членка на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) со право на вето и има обврска да го брани меѓународното право и нема слобода за да го прекрши.
„Кога ќе се случи такво нешто тогаш мора да се каже дека е доста и дека не може понатака. Патот кон санкциите беше долг, но на крајот тие беа неизбежни. Русија е наша соседна земја и не може се да се промени за еден ден, со магично стапче. Владимир Путин има голема поддршка од руското население, и поради тоа ние мора да пронајдеме „модус вивенди““, објаснил Шулц.
Тој додал дека поради ова го поддржува начинот на шефот на германската дипломатија, Франк Волтер Штајнмајер, односно дека мора да се повлечат граници, истовремено оставајќи отворени врати за преговори.
Шулц истакнал дека Русија во суштина е партнер на ЕУ и дека тоа треба да се стави до знаење, но дека партнерството може да функционира само на рамноправна основа.
На прашањето дали е вознемирен поради тоа што Путин се обидува да изгради десничарска мрежа во Европа, тој рекол дека е радосен поради тоа што „антиграѓанскиот, антидемократскиот и антиплуралистичкиот став на десничарско-популистичките партии“ конечно испливал на виделина.
„Тој „путинизам“, кој е олицетворение на обновувањето на националните мнозинства наспроти декаденцијата на западниот свет, наидува на плодно тло кај десничарските популисти. Меѓутоа ме нервира ладнокрвноста која делува кај двете страни. На граѓаните во нашите земји мора да им се каже дека тие луѓе во моментов го покажуваат своето вистинско лице. Госпоѓата Марин Лепен не сака никаква демократска структура, таа сака авторитарна држава. Кој гласа за таа партија, добива путинизам“, нагласил претседателот на Европскиот парламент.
Што се однесува до ЕУ, Шулц нагласил дека таа била повеќедецениско ветување за подобрување на условите за сите граѓани.
„Тоа ветување и понатаму постои, но не се почитува. На младите луѓе на ЕУ веќе не им се нуди стабилност и безбедност, туку нерегулирани пазари и полудени банки, кои шпекулираат и го расипуваат народниот имот“, смета Шулц, додавајќи дека ЕП работи многу за да делува против ова, преку наметнувањето на банкарската унија, односно инсистира вложувачите и сопствениците на банките да сносат одговорност за преземените ризици, а не како досега, тоа да бидат даночните обврзници.
Што се однесува до инвестицискиот план на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер од 315 милијарди евра, Шулц изјавил дека се работи за огромна бројка, која сепак не е доволна, но е почеток за промена на курсот.
„Досега во Европа водевме економско-теоретски дебати. Прашањето е дали е исправна тезата дека одржливата консолидацја на буџетот ќе води кон враќање на довербата на инвеститорите. Тоа е теза која е застапена од германската канцеларка Ангела Меркел. Одговорот е „не.“. Поради тоа е и планот на Јункер, да постојат пари кои не се наменети за шпекулации, туку за реална економија“, објаснил тој./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

