Спорт
Кои фудбалери се израдуваа на одложувањето на ЕУРО2020?

Одлуката на УЕФА поради пандемија на коронавирусот да го одложи ЕУРО 2020 за идното лето растажи многумина, но има и фудбалери кои со насмевка ја дочекаа веста.
Голем број играчи кои периодов мака мачат со повреди и кои предвреме беа отпишани од ЕП, сега ќе бидат во можност да настапат.
За некои од нив ова првенство ќе биде дебитантско.
Еве кои се фудбалерите кои се повредени, па одлагањето на ЕП не им падна така лошо:
Хари Кејн (Тотенхем/Англија)
Еден Азар (Реал Мадрид/Белгија)
Усман Дембеле (Барселона/Франција)
Марко Асенсио (Реал Мадрид/Шпанија)
Лирој Сане (Манчестер Сити/Германија)
Николо Заниоло (Рома/Италија)
Мерих Демирел (Јувентус/Турција)
Мемфис Депај (Лион/Холандија)
Стивен Бергвијн (Тотенхем/Холандија)
Јетро Вилемс (Њукасл/Холандија)
Муса Сисоко(Тотенхем/Франција)
Никлас Суле (Баерн Минхен/Германија)
Рикардо Переира (Лестер/Португалија)
Озан Кабак (Шалке/Турција)
Ченк Тосун (Кристал Палас/Турција)
Киаран Кларк (Њукасл/Република Ирска)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.