Топ
Казнето цело семејство во Битола – место да останат во изолација, се тепале со соседите

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за пет лица, членови на семејство, кои сториле кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
На обвинетите им била определена мерка за спроведување задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Република Италија. Тие биле должни во согласност со издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14.3.2020 година до 27.3.2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола.
На 18.3.2020 година, околу 12 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди. Со овие дејства сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери, со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирусот (Ковид-19).
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола му предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.
Болницата „Систина“ кадешто се лекуваше Панчо изрази длабоко сочувство со семејството, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност.
Македонија
Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2025 година, имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање. Обврската се однесува и на финансиски извештај со податоци за вкупните приходи и расходи на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и трошењето на средствата од страна на надлежните институции, како и увид на јавноста во изворите на приходи и начинот на трошење на средствата во изборната кампања, со цел зајакнување на довербата во изборниот процес.
Согласно рокот за доставување на Извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања, за период од отварање на сметката до 11-от ден од изборната кампања односно заклучно со 09.10.2025 година до 24,00 часот, до ДКСК доставени се вкупно 61 извештаи, што изнесува нешто над 35% од вкупниот број на учесници во изборниот процес. Сите 19 коалиции доставија извештаи за донации, примени се 18 извештаи од политичките партии и 24 извештаи од независни кандидати, поддржани од група избирачи.
По истекот на рокот, доставени се уште 2 извештаи од политички партии.
Извештаите за донации се објавени на веб страната на ДКСК, на следниот ЛИНК.
Македонија
„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари.
„За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги поддржуваме центарските семејства.. Родителите добиваат поголема финансиска поддршка во најважниот период, кога се раѓа нов живот и започнуваат нови семејни предизвици. Ги зголемуваме субвенциите за сите категории на граѓани“, рече Герасимовски.
Тој, потенцираше дека развојот мора да продолжи, а концептот „За Центар што го сакаме“ е единствениот што нуди поквалитетен живот на центарци.
„Развојот мора да продолжи, а тоа ќе го постигнеме ако сите заедно се обединиме „За Центар што го сакаме“. Затоа, ве повикувам во недела, 19 октомври, масовно да излеземе на гласање и да го дадеме својот глас за бројот 5, за напредени модерен Центар“, порача Герасимовски.
На средбите со граѓани, тој ги презентираше и клучните проекти за вториот мандат, меѓу кои: модерен дом за стари лица на Водно, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на метежот, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“ со бројни поволности и попусти за жителите.
„Во изминативе години покажавме што значи одговорно и посветено водење на општина. Реализиравме проекти што го подобрија секојдневието, уредивме улици, зголемивме зеленило и создадовме подобри услови за младите и повозрасните,“ рече Герасимовски.