Црна хроника
Кривична пријава против охриѓанец поради непочитување на здравствените прописи

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело непостапување според здраствените прописи за време на епидемија, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. М. (63) од Охрид.
При извршена контрола на лица со мерка здравствен надзор и домашна изолација, вчера полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во својот дом и не се придржува кон мерките за 14-дневна самоизолација.
Пријавениот, на 17.3.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот аеродром „Скопје“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од земја која според кистата од СЗО е зафатена од коронавирусот Ковид-19 и дека во времетраење од 14 дена во својот дом во Охрид ќе спроведе задолжителна самоизолација.
Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување појава, внесување, рано откривање, спречување ширење и сузбивање на коронавирусот Ковид-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.