Контакт

Македонија

Дескоска: Ако биде потребно, ќе бидат ограничени движењата на граѓаните

Објавено пред

Воведовме вонредна состојба за поефикасно да се справиме со коронавирусот, но и да се помогне за подобрување на економскиот живот, вака министерката за правда, Рената Дескоска, ја објасни одлуката на Владата, која вчера беше испратена до Собранието, а која потоа беше одобрена од претседателот Стево Пендаровски. Таа посочи дека ограничувањето на граѓаните ќе се воведе ако тоа е потребно, но такви одлуки нема да има ако сите се придржуваат до досега донесените мерки.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедничка заложба како Влада е ограничувањето на правата да биде минимално и само кога тоа е нужно. Колку повеќе се придржуваме до мерките и препораките што се дадени, толку побргу ќе ја пребродиме оваа криза и нема да има потреба од ограничување на правата на граѓаните. Затоа, апелирам совесно да ги почитуваме мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за да нема потерба од воведување построги ограничувања. Од нас зависи колку ќе се користат мерките за ограничувања, кои и се на располагање на Владата“, рече Дескоска.

Одлуката за вонредна состојба трае 30 дена и нема да биде продолжена ако епидемијата се смири, но ако продолжи, останува можноста да биде донесена и одлука за продолжување на ваквата состојба.

„Поминавме една ноќ во вонредна состојба. Ситуацијата ноќва во однос на она што граѓаните можеа да го прават и не смееја да го прават не беше ништо поинакво од она што беше воведено во претходните денови. Она што е поинакво од вчера е можноста на Владата со прогласувањето вонредна состојба, а тоа е да носи уредби со законска сила. Ниту вчера ниту денес никој нема дилеми дека настапија околностите од членот 125 од Уставот за прогласување вонредна состојба“, објасни Дескоска.

Ограничувањето на човековите права не може да биде со нечовечко постапување и казнување, рече Дескоска и додаде дека не смее да има дискриминаторско ограничување по основ на пол, раса, боја на кожа, вера, јазик, националност, имотна положба.

„Самата вонредна состојба не значи автоматска промена или ограничување на човековите права или начинот на живеење на граѓаните. Ниедно ограничување на слбоодите и правата не смее да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, нациоален основ, имотна поможба. Во услови на вонредна состојба ограничувањето на човековите права не смее да се однесува ниту во однос на правото на живот, ниту на забраната за мачење, ниту во правата за одреденост на казнивите дела и казните, ниту во слободата на уверување, јавно изразување мисла, вероисповед. Не смее да има ниту нечовечко постапување и казнување“, потенцира таа.

Во сила остануваат мерите што досега ги донесе Владата, а министерката побара тие да се почитуваат.

„Самото прогласување вонредна состојба не значи полициски час, забрана за движење, затворање маркети и слично“, заклучи Дескоска.

Македонија

СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена

Објавено пред

ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.

Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.

Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.

Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.

Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.

„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.

СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.

Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.

Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.

Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла

Објавено пред

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )

– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)

– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )

– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Трамп го критикуваше Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет17 минути

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион35 минути

Шефот на Европскиот совет: Западниот Балкан избира, да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија14 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија14 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија20 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија20 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија21 час

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија22 часа

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ22 часа

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ23 часа

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија24 часа

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет24 часа

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет1 ден

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија2 дена

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија2 дена

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ2 дена

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...