Македонија
МАН бара државна заштита на медиумите
Македонската асоцијација на новинарите – МАН бара од државата, во случајот од Владата, да донесе најбргу што може одлука со која медиумите се ослободуваат од плаќање даноци и придонеси за своите вработени во време на заштитните мерки прогласени од почетокот на март, па сè до завршување на вонредната состојба.
„Исто така, Владата да донесе одлука со која ќе врши субвенција, надомест на нето-платите на новинарите, фоторепортерите, снимателите и нивната логистика во износ од 50 отсто откако медиумите ќе бидат привремено ослободени од обврската за плаќање на даноците и придонесите.
Оваа мерка не е голем финансиски товар за државата, а ќе спречи откази за новинари, сниматели, фоторепортери и нивната логистика, па и гаснење медиуми, кои во овој период се без приходи. Со рестрикција на новинарската работа, ќе ги снема и информациите и ќе доминираат лажните вести, паниката меѓу населението и дезинформациите, што е закана за јавниот живот и за последиците од епидемијата.
Одлуката да се однесува за сите медиуми што се регистрирани како правни лица во Агенцијата за медиуми, ММА, „ИАБ Македонија“, а со листата располага и ДИК.
Новинарите, уредниците, снимателите и фоторепортерите и во вие времиња на вонредна состојба и епидемија на заразен коронавирус си ја вршат својата работа, која е од јавен интерес и од која јавноста ги добива сите релевантни информации, а од кои зависи општата состојба во државата, како и личната судбина на граѓаните.
Новинарите се на работни задачи кои не може ниту да ги одложат ниту да ги работат од безбедна дистанца, исто како и лекарите, медицинскиот персонал, полицијата или војската. Без нивната работа, не би постоеле информациите и спроведувањето на одлуките од витален интерес за оваа кризна, вонредна состојба“, се наведува во барањата на МАН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

