Црна хроника
Автомобил излетал кај Долно Лисиче кога го пресретнале разбојници со автоматско оружје

Скопјанец на возраст од 20 години во полиција пријавил инцидент во кој додека возел, бил пресретнат од вооружени лица.
Според пријавата, настанот се случил на 18 март во близина на мост на реката Вардар, од населбата Долно Лисиче кон селото Јурумлери.
Додека 20-годишникот управувал автомобил „мерцедес“, бил пресретнат од „голф“, без регистарски ознаки, во кој со автоматско оружје биле жител на селото Батинци и уште две други лица.
Притоа 20-годишникот во паника скршнал од патот и излетал надвор од коловозот.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.