Македонија
СДСМ: ООН ги демантира лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски

ООН јавно ги демантира лажните вести на Николовски и ВМРО-ДПМНЕ, кои бесрамно, крајно неодговорно, ги шират среде најголемата глобална пандемија со коронавирусот. Силна шлаканица за неодговорната ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски, велат од СДСМ.
„Не е точно дека ООН правела некакви процени на владините мерки, како што излажа Николовски. Затоа, Обединетите нации и јавно демантираа и побара да не бидат вклучувани во политички дискусии. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, неодговорно, несериозно, лажно, на штета на државата, на штета на граѓаните, на штета на најсветото нешто – здравјето.
Додека СДСМ и надлежните институции работат и се фокусирани исклучиво во заштита на здравјето на граѓаните и последиците од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести. Ништо не им е свето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Не им е свето здравјето на граѓаните, не им е битно лекувањето на болните и заздравувањето на економијата.
Тие шират само лажни вести и се обидуваат да профитираат на маката на граѓаните и нивното здравје. За СДСМ, здравјето на граѓаните и справувањето со последиците од глобалната пандемија со коронавирусот се врвен приоритет.
Време е Мицкоски да се престрои на страната на здравјето на граѓаните, да заборави на теснопартиските интереси и да ги остави надлежните институции да се борат со коронавирусот.
Граѓаните знаат кој има искрен пристап во решавањето на ситуацијата, а кој манипулира и политички калкулира во вакви сериозни времиња“, се вели во реакцијата на СДСМ по изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објава на социјалните мрежи најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе ги објави најновите економски индикатори кои, како што вели, не се само загрижувачки, туку навистина алармантни.
„Денес ги добив најновите економски индикатори – и тие не се само загрижувачки, туку навистина алармантни. На денешната прес-конференција во 12:00 часот ќе ги објавам, граѓаните да ја знаат вистинската состојба со економијата. Бројките се фрапантни и јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата“, стои во објавата на претседателот Филипче.
Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.