Контакт

Надворешна политика

Иванов ги прими акредитивните писма на амбасадорите на ОАЕ и Бангладеш

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во петокот ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и на Бангладеш за Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Обединетите Арапски Емирати за Македонија со седиште во Рим, Сагер Насер Алраиси, претседателот Иванов изрази уверување дека во периодот што следува ќе се изнајдат нови форми за содржинско збогатување на билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Иванов изрази задоволство од досегашните договори за соработка кои претставуваат подлога за интензивирање на економската соработка и привлекувањето инвестиции кои ќе бидат од заеднички бенефит и за двете земји. Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Алраиси изрази подготвеност за унапредување на соработката во повеќе области, особено во областа на трговската размена, научната и технолошката соработка, како и соработката во областа на земјоделството и туризмот.

Македонскиот претседател на средбата со новоименуваниот амбасадор на Бангладеш за Република Македонија со седиште во Мадрид, Хасан Махмуд Кандкер, изрази очекување за развој и унапредување на меѓусебните односи на двете земји, со посебен интерес за интензивирање на соработката во сферата на економијата.

Истакнувајќи ги глобалните предизвици, со акцент на терористичките напади што го потресуваат светот, претседателот Иванов изрази длабоко сочувство кон граѓаните на Бангладеш по повод неодамнешниот терористички напад. „Само со максимална соработка и придонес во борбата против тероризмот можеме да изградиме мир и стабилност“, подвлече претседателот Иванов./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија2 часа

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија3 часа

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија3 часа

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија3 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија4 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија5 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет5 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија6 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија20 часа

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет21 час

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија23 часа

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија24 часа

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија1 ден

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет1 ден

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет1 ден

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија1 ден

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија1 ден

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија1 ден

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...