Црна хроника
Крадел женски чанти, заканувајќи се со нож

МВР до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава го предаде лицето М.Ѓ.(23) од Скопје поради основано сомнение за сторени кривични дела – „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“.
Имено, кривичното дело – „дрска кражба“ пријавениот го извршил на 29 јануари околу 15:50 часот, кога на улица во населба Кисела Вода, од женско лице насилно и од зад грб и ја грабнал чантата во која имало два мобилни телефони и лични документи/предмети и избегал.
Во наредните денови го извршил и кривичното дело „разбојништво“, исто така на улица во населба Кисела Вода, каде на женско лице осомничениот и се приближил од зад грб и се заканил со нож кој и го ставил под грлото, ја клекнал на колена и со сила и ја одземал чантата во која имало пари, мобилен телефон и лични документи/предмети по што избегал. Меѓутоа, при извршување на кривичното дело бил забележан од страна на случајни минувачи кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот, да го задржат и да го предадат на полициски службеници.
Со пријавениот, во ПСОН „Кисела Вода“ во присуство на ЈО, од страна на оштетените и сведоците извршено е непосредно-класично препознавање, кои со сигурност го препознале и го посочиле како сторител на наведените кривични дела. Инаку, М.Ѓ. е регистриран прекршител на јавниот ред и мир, а во периодот од 2006 до 2011 година истиот е кривично пријавен за две кривични дела „тешка кражба“ за што од надлежен суд му е изречена мерка „засилен надзор од родител“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.