Црна хроника
Запленети близу 10 кг марихуана на Блаце
Македонската полиција заплени 9,760 килограми висококвалитетна марихуана на граничниот премин Блаце со што е пресечен меѓународен канал на трговија со наркотична дрога од Косово преку Македонија до западноевропските земји.
Запленетата количина на марихуана на нарко пазарот во западноевропските земји на големо би достигнала цена од околу 30.000 евра, а на мало околу три пати повеќе.Како што соопшти во неделата МВР, станува збор за продолжување на повеќемесечна истрага во која минатата недела беше пресечен транспорт на наркотична дрога на ГП „Делчево“, при што беа запленети 138,936 кг наркотична дрога-марихуана.По повеќемесечна истрага раководена од надлежен Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција во петокот во 13.00 часот на влез во Р. Македонија на ГП „Блаце“ извршен е претрес и преглед на возило “BMW“, управувано од лицето Ф.Б (37) од Скопје.При претресот на задните седишта (потпирачите на истите) како и под задниот браник беа пронајдени вкупно 13 пакувања со НН растителна материја со зелена боја со вкупна тежина од 9,760 килограми, сите обвиткани со алуминиумска фолија и со прозирна селотејп лента.Според документираните сознанија лицето М.Т (22), инаку веќе притворен по минатонеделната акција во која беа запленети речиси 140 килограми марихуана, во средината на минатиот месец организирал илегален транспорт на наркотична дрога – марихуана во количина од 9,760 килограми, од Косово во .Македонија, и истата требало да биде транспортирана кон западновропсите земји, за што го ангажирал Ф.Б како транспортер на дрогата.Поднесена е кривична пријава против лицата М.Т (22) од Велес и Ф.Б (37) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело- “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

