Македонија
Димитров телефонски разговараше со колегите од регионот за кризата со коронавирусот
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на негово барање, вчера и денес, имаше телефонски разговори со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција – Никос Дендиjас, Албанија – Гент Цакај, Бугарија – Екатерина Захариева, Црна Гора – Срѓан Дармановиќ и на Австрија – Александер Шаленберг. Во фокусот на разговорите беше олеснување на процесот на поврзување (интерконективноста) меѓу земјите во периодот на кризата, со крајна цел помош на граѓаните.
Заеднички беше констатирано дека ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот поради панедемијата, со главен фокус на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот во матичните земји.
Министрите истакнаа дека ќе сторат сè што е во можностите на нивните надлежности и дека континуирано ќе се залагаат за државите да преземаат активности на координиран начин и врз основа на принципите на солидараност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-Народна партија: Бројот на настани со кои се одбележува српската окупација, ги надмина државните празници
ВМРО-Народна партија соопшти дека е „длабоко загрижена“ поради, како што наведува, „помпезното одбележување на Битката на Зебрњак“, која – според партијата – означува почеток на 23-годишната српска окупација на Македонија.
„Загрижени сме што оваа година прославата на ‘Битката на Зебрњак’, после која е окупирана Македонија, беше одбележана на многу помпезен начин и со поголема манифестација отколку Денот на македонската револуционерна борба“, се наведува во соопштението.
Од партијата додаваат дека бројот на настани со кои се одбележува „српската окупација на Македонија ги надминал државните празници во земјата“, посочувајќи дека „со средства од државниот буџет се организираат манифестации на кои се слави окупациона војска на територијата на Македонија“.
„Секоја година со големи манифестации се прославуваат битките кај Кајмакчалан, Брегалница, Зебрњак, Удово, битката кај Рамне и ‘денот на победата’ во Битола – и сето тоа со македонски државни пари“, стои во соопштението.
Партијата наведува дека на ваквите прослави „Македонија е претворена во поле на омраза“, каде што се слушаат „омраза, реваншизам и шовинизам против Турците, Бугарите, Албанците и муслиманите“, а Македонија се нарекува „стара и јужна Србија“, а Македонците „Срби кои биле ослободени“.
„Овие навреди кон македонскиот народ овој пат беа надоградени и со нов идентитет и наратив обраќајќи се со ‘браќа северномакедонци’“, наведува ВМРО-Народна партија.
Во соопштението се додава дека ја повикуваат Владата на ВМРО-ДПМНЕ да престане со ова понизно виткање на кичмата и со ова понижување на македонскиот народ.
Македонија
Синдикатот на „Паркови и зеленило“ ги покани кандидатите за градоначалници на прес-конференција барајќи подобри услови за работење
Независниот синдикат на паркови и зеленило најави дека утре, 27 октомври, ќе одржи прес-конференција пред пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“ во Автокоманда.
Пресот го организира Градскиот независен синдикат на паркови и зеленило, кој функционира во рамките на Независниот синдикат на државна администрација. Од синдикатот велат дека ќе се зборува за условите за работа и состојбите на конкретното работно место, кое, како што наведуваат, е „под човечко достоинство“.
На пресот се поканети кандидатите за градоначалник на Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски и Амар Мечиновиќ, како и кандидатите за градоначалници на општините Гази Баба, Аеродром и други.
Од синдикатот посочуваат дека целта на настанот е јавен увид во состојбите и почитувањето на правата на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, вклучувајќи плата, регрес, јубилејни награди, новогодишен додаток и отпремнини, согласно колективниот договор и законските прописи.
Македонија
Герасимовски вели дека поддршката од центарци се зголемува: „Работевме домаќински, не потрошивме ниту денар на непродуктивни трошоци“
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите четири години.
Герасимовски, на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат, тоа се модерен дом за стари лица, нова градинка, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“.
„Работевме домаќински, не потрошивме ниту еден денар на непродуктивни трошоци. Во еден мандат ја изградивме најмодерната градинка во државата. Реконструкцијата на нашата култна сала „Работнички“ е во завршна фаза, поставивме ново смарт осветлување, ги подобривме условите во сите градинки и основни училишта. Покажавме како се води општина, во интерес на сите граѓани, а не на политички интереси. Со истата грижа за секој еден центарец продолжуваме и во новиот мандат“, рече Герасимовски.
Граѓаните, упатија благодарност до Герасимовски за акциите за чистење на сметот што ги спроведува целата измината година.

