Македонија
Од 209 тестови, позитивни на коронавирусот се 36 лица во Дебар

Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука вели дека се земени 209 брисеви од кои 36 лица се позитивни на коронавирусот.
Во домашна изолација во Дебар се 133 лица, информираше Дука.
„Земени се 209 брисеви, од кои позитивни се 36. 13 се сместени во Клиниката за заразни болести и 23 се во домашно лекување. 133 се во домашна изолација бидејќи се смета дека тие имале контакт со заразени лица. Институциите вршат контрола според својот план, а што се однесува до хигиената во градот, вршат редовно чистење и дезинфекција на улиците“, соопшти градоначалникот.
Тој упати апел до жителите на Дебар да не излегуваат во градот без потреба, да не се собираат повеќе од пет лица и да соработуваат со институциите.
„Здравствената екипа е на терен, тие вршат контрола. Во болницата се е под контрола. Се очекува соработка од граѓаните, да не се собираат во градот повеќе од пет лица и да да се држи растојание. Ако немаме соработка, нема да имаме успех во борбата со вирусот. ЕСМ испрати околу 1000 пакети со храна. Распределени се во повеќе населени места“, кажа Дука.
Од кризните подрачја ќе се евакураат косовски државјани кои престојувале во хотел, по истекот на 14-дневниот карантин.
„Сите затекнати странски државјани од Косово кои престојуваа во хотелот во Бањиште, ќе се евакуираат според протоколот кога ќе заврши 14-дневниот карантин. Остануваат уште 5-6 дена во самоизолација“, додаде градоначалникот на Дебар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи и како ја стекнал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Деновите поминуваат но од СДС и Венко Филипче, молк. Иако изминатите неколку дена ги прашуваме да одговорат, дали по примерот на Зоран Заев и неговиот чувар на партиското претседателско столче, Венко Филипче поседува златна виза за Дубаи, одговор нема, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Или, пак, молчењето и на СДС и на Филипче е потврда за овие дилеми?
Јавно познато е дека човек со таков документ, златна виза, може се стекне со инвестиција која достигнува неколку милиони евра.
Оттука произлегува прашањето, колку милиони Венко Филипче однесе во Дубаи, за да стекне со таа златна виза исто како и неговиот водач, Заев, кој таму гради висококатница.
Имајќи предвид дека Филипче е поранешен министер за здравство и тоа ве периодот на најголемата светска криза во поновата историја, ковид кризата, дали во Дубаи го однесол ќарот од кризата, која тој ја претворил во можност за негова финансиска придобивка, како и од криминалот направен во тоа време“, прашуваат од владејачката партија.
Според нив, СДС, наместо да молчи, има обврска на јавноста да и даде прецизни одговори дали и Венко Филипче има и како ја добил златната виза за Дубаи.
Македонија
Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници.
Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.
Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа.
Со ваквиот начин на објавување на продажните цени како што оценуваат надлежните, ќе се обезбеди транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.
За оние кои нема да ја почитуваат, пропишани се глоби кои достигнуваат и до 10 илјади евра.
Мерката според најавите нема да важи за трговците кои имаат до 10 вработени.
Македонија
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.