Црна хроника
Вработен во ЕВН повреден при струен удар
Триесет итри годишниот В.М., вработен во ЕВН Македонија, е тешко повреден при струен удар при отстранување дефект на високо напонската мрежа во Жабени, битолско.
Според информациите од полицијата, во четвртокот околу 16:15 часот, додека В.М. работел на отстранување на дефект, разговарал со Н.И. (29) и во еден момент извадил сигнален пиштол и испукал еден куршум, по што Н.И. си заминал.
По кратко време, екипата на ЕВН се упатила да отстранува дефект на друг столб од високо напонска мрежа, каде пристигнала група од околу 10-15 жители од селото кои ги прашале вработените зошто пукале и започнале расправија со истите, а во еден момент В.М. се качил на столбот и паднал на земјата.
Од страна на екипа на итна медицинска помош е пренесен во Клиничка Болница Битола каде се констатирани тешки телесни повреди и повреди од струен удар и истиот е задржан за понатамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Драма во кумановско: Удрил полицаец со автомобил и избегал, испалени неколку куршуми во бркотницата
Полицијата уапси жител на кумановско Романовце, не почитувал наредба, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да побегне.
Вчера во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце.
Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење.
Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник.
С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција
Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци, извести СВР Велес.
– Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.
Црна хроника
Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.
При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

