Свет
УНИЦЕФ: Децата во зголемен ризик од злоупотреба, експлоатација и насилство сред интензивираните мерки за сузбивање на коронавирусот
Поради преземените мерки за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, стотици милиони деца низ светот најверојатно ќе се соочат со поголема закана по нивната безбедност и благосостојба – вклучувајќи и малтретирање, родово насилство, експлоатација, социјално исклучување и одвојување од старателите. УНИЦЕФ ги повика владите да ја обезбедат сигурноста и благосостојбата на децата сред сè поинтензивните социо-економски последици од болеста. Агенцијата за деца на ОН, заедно со своите партнери од Алијансата за детска заштита при хуманитарна акција, објави низа упатства за поддршка на властите и организациите вклучени во одговорот.
Во само неколку месеци, Ковид-19 го преобрати животот на децата и семејствата низ целиот свет. Карантинските мерки, како на пример затворањето на училиштата и ограничувањето на движењето, иако потребни, ги нарушија навиките на децата и системите за поддршка. Исто така, тоа значи и поголем стрес за старателите кои можеби ќе треба да не одат на работа.
Некои деца, поради стигмата околу Ковид-19, станаа поранливи на насилство и психо-социјален притисок. Истовремено, мерките за контрола, при кои не се земаат предвид родово-специфичните потреби и ранливост на жените и девојчињата, може да го зголемат нивниот ризик од сексуална експлоатација, злоупотреба и детски бракови. На пример, најновите анегдотски податоци од Кина укажуваат на значителен пораст на случаи на семејно насилство врз жените и девојките.
„На многу начини, болеста сега досегнува деца и семејства далеку повеќе отколку оние што се директно заразени од неа“, изјави Корнелиус Вилијамс, шефот на УНИЦЕФ за детска заштита. „Училиштата се затвораат. Родителите се мачат да ги згрижат своите деца и да врзат крај со крај. Ризиците по заштитата на децата растат. Со овие упатства, на владите и органите за заштита им се дава преглед на практични мерки што може да се преземат за децата да бидат безбедни во овие неизвесни времиња.“
И за време на претходните јавно-здравствени вонредни состојби имало појави на зголемена стапка на злоупотреба и експлоатација на децата. На пример, затворањето на училиштата за време на епидемијата од ебола во Западна Африка, од 2014 до 2016 година, придонесе за пораст во експлоатацијата на детски труд, занемарување, сексуална злоупотреба и тинејџерска бременост. Во Сиера Леоне, случаите на тинејџерска бременост повеќе од двојно се зголемиле на 14.000 во споредба со времето пред епидемијата.
Како дел од упатствата, алијансата препорачува владите и органите за заштита да преземат конкретни чекори за заштита на децата како составен дел од сите мерки за превенција и контрола на Ковид-19, вклучувајќи и:
Обука на вработените во здравствените, образовните и детските служби за ризиците по заштитата на децата поврзани со Ковид-19, каде спаѓа и превенција од сексуална експлоатација и злоупотреба, а и безбедно пријавување на вакви случаи;
Обука на итните служби (полиција и брза помош) околу постапување при родово насилство (џебен водич за родово насилство), и соработка со здравствените служби за поддршка на жртвите на родово насилство;
Зголемување на споделувањето информации за упатување и за други услуги за поддршка на децата;
Вклучување на децата, особено на адолесцентите, при проценка на тоа како Ковид-19 ги засега нив и релевантни информации за изработка на програми и застапување;
Насочена поддршка за центрите и семејствата за привремена грижа, вклучително и домаќинствата водени од деца и згрижувачките семејства, за емотивна поддршка на децата и нивна соодветна грижа за себе;
Обезбедување финансиска и материјална помош за семејствата чии можности за остварување приход се засегнати; и
Воспоставување конкретни мерки за да се спречи одвојување на децата од семејствата и обезбедување поддршка за децата кои се без соодветна грижа поради хоспитализација или смрт на родител или старател; и
Обезбедување заштитата на сите деца да добие најголем приоритет во мерките за контрола на болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Колапс во Австрија поради снегот: Аеродромот во Виена затворен, автобус затрупан од лавина
Силна зимска бура го погоди поголемиот дел од Австрија и предизвика хаос низ целата земја. Поради обилните снежни врнежи и силниот ветер, аеродромот во Виена привремено го прекина сообраќајот, додека на патиштата се случуваат несреќи и сообраќајни метежи. Во Тирол, лавина затрупа автобус со патници.
Застрашувачко сценарио се случи рано утрово во тиролската долина Лехтал. Во општината Бах, малку пред 5 часот, лавина затрупа автобус што превезуваше единаесет патници. Според полицијата, за среќа никој не е повреден.
Поради лошите временски услови, виенскиот аеродром Швехат привремено ги прекина сите операции утрово.
Околу 117 летови беа закажани да полетуваат до 9 часот наутро, од кои 19 беа откажани, а аеродромот не ја исклучува можноста за понатамошни откажувања. „Интензивно работиме на што е можно побрзо враќање на воздушниот сообраќај. Според моменталните прогнози, снегот треба да престане да паѓа во текот на утрото“, изјави портпаролот на аеродромот.
фото/ЕПА
Регион
Нови снежни врнежи ја парализираа Словенија: 35.000 корисници без струја, делови од Марибор и без вода
Поради обилните снежни врнежи, околу 35.000 потрошувачи на подрачјето на Марибор и повеќе од 6.000 на подрачјето на Цеље останаа без електрична енергија.
Мокри и лизгави патишта, завеани тротоари и соборени дрвја предизвикуваат проблеми од Словенске Коњице до Марибор, Птуј и Горња Радгона. Екипите на компанијата „Електро Марибор“ се на терен.
Патиштата се мокри и лизгави и во Штајерска, а возачите пријавуваат бројни делници каде што водата се задржува на коловозот. Сообраќајот се одвива побавно од вообичаено, а потребна е зголемена внимателност, пренесе „Б92“.
Надлежните ги предупредуваат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да го зголемат безбедносното растојание и да тргнуваат на пат само ако тоа е неопходно. Поради најавените ниски температури постои можност за појава на голомразица, особено на изложените делови од патиштата и мостовите.
Најголеми проблеми предизвикува прекинот на електричната енергија. На поширокото подрачје од Словенске Коњице кон Марибор, Птуј и Горња Радгона дел од дистрибутивната мрежа е во прекин. Според податоците на компанијата „Електро Марибор“, без напојување се околу 35.000 корисници.
Од компанијата соопштија дека сите расположливи екипи се на терен. Проблемите пред сè ги предизвикува тежината на влажниот снег, поради што се кршат гранки и паѓаат дрвја кои ги оштетуваат далекуводите. Интервенциите се сложени, бидејќи екипите мора да работат внимателно, а пристапот до одредени локации на дефекти е отежнат поради временските услови.
Корисниците се замолуваат за разбирање и трпение. Обновата на снабдувањето со електрична енергија ќе се одвива постепено, во зависност од сложеноста на поединечните интервенции.
Според информациите, дел од Марибор останал и без вода. Причината, наводно, е прекин на електричната енергија во Камница, поради што пумпната станица „Врбански плато“ не работи.
Свет
Иран со предупредување дека американските воени средства ќе бидат „легитимна цел“, доколку САД ги спроведат воените закани
Иран предупреди дека американските бази, објекти и воени средства ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД ги спроведат своите воени закани и напади.
Амир Саид Иравани, амбасадорот на Иран во Обединетите нации, ги изрази овие закани во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, според АФП.
Според написите, претседателот Доналд Трамп распореди воени бродови, борбени авиони и друга воена опрема на Блискиот Исток, додека се обидува да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба, нешто што Техеран го негира.
Во писмото, како што наведува медиумот, се цитира објавата на Трамп на социјалните мрежи кога тој рече дека САД можеби ќе мора да користат британски воени бази, вклучително и една на остров во Индискиот Океан, „доколку Иран одлучи да не склучи договор“.

