Спорт
САД опен ја менува хардкорт-подлогата првпат по 1978

Тенискиот САД опен ќе го смени брендот на својата хардкорт-подлога првпат по повеќе од 40 години откако Американската тениска асоцијација (УСТА) во понеделникот објави дека се договориле терените да ги користат подлогите „Лејколд“ на „Адвансд полимер технолоџи“.
Оваа подлога ќе го замени „Деко турф“, подлога на која се игра од 1978 година. Терените „Лејколд“ досега се користеа на мастерсот во Мајами, на Њујорк опен и на Фед куп-мечевите во САД.
САД опен останува на календарот со предвиден старт на 31 август, иако АТП и ВТА-тениските турнеи се стопирани барем до 7 јуни поради коронавирусот, а „Ролан Гарос“ се пресели во септември по крајот на САД опен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона и Бетис се договорија, Витор Роке се сели во Палмеирас

Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.
Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса.
Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. Пред еден месец Барселона доби понуда од Палмеирас од 25 милиони евра и Барса да задржи 20 отсто од следната продажба.
Џоан Лапорта ја прифати понудата но мораше да го убеди Бетис да ја раскине позјмицата.
Тоа се случи откако Барселона се откажа од 30 отсто од правата што ги имаше врз Ез Абде. Барселона за крилниот напаѓач од Бетис доби 7,5 милиони евра и задржа 50 отсто од правата од наредната продажба. Со новиот договор Барселона од евентуалниот наводен трансфер на Ез Абде ќе добие 20 отсто.
Исто така Бетис од Палмеирас ќе добие компензација од 6 милиони евра.
Спорт
Кин за капитенот и играчите на Јунајтед: Еб..и изманици

Манчестер јунајтед минатиот викенд успеа да ремизира против Евертон (2:2) во возбудлив премиерлигашки натпревар, а вчера го победи Ипсвич со 3:2.
Бруно Фернандеш со својот гол од слободен удар го започна камбекот на „црвените ѓаволи“ против Евертон. Сепак, овие резултати не го импресионираа легендарниот поранешен капитен на Јунајтед, Рој Кин.
Кин, познат по своите остри коментари ги критикуваше играчите на Манчестер јунајтед, смета дека тимот нема карактер. Неговиот гнев беше насочен и кон сегашниот капитен Бруно Фернандеш.
„Овие играчи едноставно го немаат она што е потребно за да го носат дресот на Манчестер јунајтед“, изјави Кин за „Скај Спорт“.
„Гледам премалку страст, премалку борбеност. Каде е Јунајтед што го знаевме? Овие играчи се еб..и измамници“.
Зборовите на Кин одекнаа меѓу фановите кои беа поделени во нивните мислења. Додека некои ја поддржуваат неговата критика, други веруваат дека тој е премногу остар кон тимот.
Спорт
Хорхе Мартин ќе ја пропушти и Големата награда на Аргентина

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин нема да ја вози и втората трка сезонава.
Хорхе Мартин ќе ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд овој викенд, а откако заработи нова повреда нема да вози ниту во Аргентина.
Возачот на Априлија ја повреди другата рака за време на првиот тренинг по операцијата на скршеница на раката и ногата, поради што било потребно да се изврши уште една операција.
Големата награда на Аргентина ќе се вози на 16 март.