Европа
Украинците се повлекуваат од Дебалцево, бунтовниците го повлекуваат оружјето од југот
Припадниците на украинската војска коишто беа речиси цел месец опколени од рускојазичните бунтовници во стратешки важниот град Дебалцево на побунетиот исток од Украина, во средата започнаа да се повлекуваат низ коридорот кон внатрешноста на земјата, изјавил Семен Семенченко, украински пратеник и командант на доброволната бригада составена претежно од припадници на националистичките движења.
Претходно во вторникот навечер во Будимпешта рускиот претседател Владимир Путин повторувајќи ги предупредувањата дека обидот на неколкуте илјади украински војници опкружени во Дебалцево да го пробијат обрачот или да бидат деблокирани од надвор може да го разгори судирот, ги повика властите во Киев да не вршат притисок врз војниците кои во вторникот почнаа да се предаваат откако бунтовниците заземаа по уличните борби повеќе од две третини од градот, а командантите на проруските сили ги повика да остават коридор за безбедно повлекување на украинските единици.
„Извлекувањето на војниците од Дебалцево се одвива планирано и организирано“, изјави Семенченко, пренесува руската агенција РИА Новости.
Подоцна тој на Facebook напиша „Непријателот се обидува да ги пресече приодните патишта и да го спречи излегувањето (од градот) на војниците“.
Истовремено рускојазичните бунтовници објавија дека украинските војници од Дебалцево и во средата почнале да се предаваат и да го положуваат оружјето.
„Во Дебацлево во тек е масовно предавање на оружјето од украинските вооружени сили. Станува збор за стотици луѓе“, изјави еден од челниците на бунтовниците Максим Лишченко, кого го пренесува Донецката агенција за новости (ДАН), официјален медиум на самопрогласената ткн „народна република“ во Донецк.
Истовремено репортерот на агенцијата РИА Новости од Дебалцево изјави дека бунтовниците продолжиле со повлекувањето на тешкото вооружување на воената опрема од разни сектори, односно дека артилериските оружја со голем калибар се повлекуваат само од оние позиции на кои се почитува прекинот на огнот.
Според бунтовниците во моментов артилеријата со најголем калибар се повлекува од јужните периферни области на „републиката“.
„Во моментов ја повлекуваме артилеријата, хаубици. Доколку разузнавањето ни потврди дека украинската страна не го повлекла оружјето, ние нашето ќе го вратиме на претходните позиции. Во моментов имаме информации за групирање на украинската воена опрема на спротивните позиции“, изјавиле за РИА Новости извори од одбраната на Донецк./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

