Црна хроника
Ирачки и сириски мигранти сакале илегално да влезат во земјава
Тројца мигранти, еден од Ирак и двајца од Сирија во саботата биле пронајдени како се кријат во вагон на железничката станица во Гевгелија.
Тројцата сакале илегално да влезат во земјава, а по контролата на вагонот лицата се уапсени и предадени на пограничните грчки органи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Фатен е малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово (ВИДЕО)
Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР.
Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.
Топ
Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и девојка на возраст од 22 и 21 година.
Според информациите од МВР, двајцата со „ауди“ излетале од патот.
„По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид“, соопшти полицијата.
Извршен е увид, а телата предадени на обдукција.
Црна хроника
Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме
Вчера во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола.
По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.