Црна хроника
Каналот на МВР на Youtube со 1.500.000 прегледи и 152 видеа

Според податоците на веб-страницата YouTube, од 23 јуни 2010, кога стартуваше официјалниот канал на МВР па до денеска, направени се околу 1.500.000 прегледи на поставените 152 полициски видеа.
Убедливо најгледани видеа кои се прикачени во 2012 се двата дела од Операцијата “Монструм“ со вкупно околу 360.000 прегледи, информира во неделата МВР.Понатаму, во најгледаните десет следуваат : “Предавање на водачот на навивачката група на ФК Партизан“ (60,044 прегледи); “Кривична пријава за убиство за полициски службеник“ (41,416); “Предупредуваме“ (38,941); “Фатен познат велешки нарко дилер“ (37,266); “Превземено лице од Косово“ (35,447); “Полициска акција Детонатор“ (34, 121); “ЕСЗ вежба – Аеродром“ (27,521) и “Лишен од слобода познат нарко дилер“ (25, 466)Снимките кои се објавуваат на YouTube се избираат со внимание и нивната содржина се дозира во согласност со законите и почитувањето на човековите права, стои во соопштението. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.