Свет
Рускиот воен систем за дезинфекција „Орлан“ испратен во Италија?

Руската армија го испрати воениот систем за аеросолна дезинфекција „Орлан“ во Италија, кој е наменет за ефикасна дезинфекција на различни типови возила, згради и останати затворени објекти, како и средства за индивидуална заштита, пренесува порталот „Марсонлајн“.
Целиот комплекс се наоѓа на шасијата на камионот КамА3-53501, а средството во вооружувањето е воведено во 2015 година. Тоа се состои од кран-манипулатор и хидраулична дизалка.
Савремени комплекс аеросолне дезинфекције „Орлан“ приликом укрцавања на Ил-76 – Борбени Ефективи/Marsonline pic.twitter.com/5JgTKBT54m
— Marsonline (@gvozdenavolja) March 22, 2020
Тоа му овозможува ефикасна употребливост во најсложени услови на експлоатација. Неговиот капацитет за дезинфекција изнесува околу 90 метри квадратни простор во една минута. Благодарение на своите габарити, „Орлан“ без проблеми стои во воено-транспортниот авион Ил-76. Екипажот кој управува со целиот систем се состои од три члена.
Неговата примена е забележана на почетокот на август 2016 година за време на сузбивањето на Антраксот на подрачјето на Јамалскиот Регион. Оваа машина е „помлад брат“ на специјалниот советски комплекс за топлотен третман и дезинфекција на вооружувањата и воената техника ТМЦ-65У.
ТМЦ-65У на задниот дел од камионската платформа има турбомлазен мотор БК-1, кој инаку се наоѓа на ловците авиони МиГ-15 и МиГ-17, но и на бомбардерите тип Ил-28. Со помош на овој систем, војската на многу брз и ефикасен начин врши чистење на возилата од хемикалии или за правење силни завеси од чад, со кои се покрива движењето на трупите на боиштето.
Еден ТМЦ-65У за само еден час може да деконтаминира простор од речиси 5 километри квадратни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Министерот за одбрана на САД: Мирот се постигнува со сила, а не со зборови, зголемете ја помошта за Украина

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес ги повика сојузниците од НАТО да ги зголемат трошоците за американско оружје за Украина, по извештајот што покажа нагло намалување на воената поддршка за Киев во јули и август.
„Мирот го постигнувате кога сте силни. Не кога користите силни зборови или покажувате со прст, туку кога имате силни и реални способности што вашите противници ги почитуваат“, им рече тој на новинарите пред состанокот со колегите од НАТО во седиштето на алијансата во Брисел.
Хегсет ги замоли сојузниците да ги зголемат инвестициите во програмата PURL (Приоритетна листа на барања за Украина).
„Нашето очекување денес е повеќе земји да донираат повеќе, да купат повеќе за да ја снабдуваат Украина за да го доведат тој конфликт до мирен крај.“
Обезбедени 2 милијарди долари
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека очекува дополнителни ветувања, истакнувајќи дека 2 милијарди долари веќе се обезбедени преку механизмот.
Сепак, овој износ е помал од 3,5 милијарди долари што украинскиот претседател Володимир Зеленски се надеваше дека ќе ги обезбеди до октомври.
Шведска, Естонија и Финска ги ветија своите придонеси во средата, но земјите како Шпанија, Италија, Франција и Велика Британија се соочија со критики за нивната воздржаност.
Украина останува во голема мера зависна од американското оружје додека се подготвува за уште една зима на конфликт со Русија.
Килскиот институт за светска економија објави во вторникот дека воената помош за Украина се намалила за 43 проценти во јули и август во споредба со првата половина од годината.
Фото: принтскрин
Свет
НАТО би бил демилитаризиран во конфликт со Русија и Кина, според кинеска анализа

Ако сè уште го сметате НАТО за неповредлива супералијанса што може да дејствува како глобален полицаец во секој момент, можеби е време да го преиспитате тоа верување – оценува кинескиот портал NetEase повикувајќи се на анализата на американскиот воен експерт Вилијам Шрајвер.
Според него, ако НАТО, од една страна, и Русија и Кина, од друга, влезат во сериозна конфронтација, западната алијанса би можела да биде демилитаризирана најмалку десет години. Иако звучи како смела процена, кинеските автори сметаат дека логиката на овој заклучок е целосно оправдана.
„Митот за индустриската големина“
NetEase истакнува дека воената моќ на НАТО се темели на митовите за индустриска големина и одржување на мирот, но дека вистинската војна би ги разоткрила слабостите на алијансата во снабдувањето, издржливоста и мобилноста.
Иако САД имаат 11 носачи на авиони на нуклеарен погон, што изгледа импресивно на хартија, во современото војување тие би станале лесни цели. Руските подморници од класата Jasen може тивко да се приближат до флотите на НАТО, а Кина веќе ги надмина САД по бројот на нови воени бродови во 2023 година, според порталот.
Логистиката како Ахилова петица
Шрајвер посебно предупредува за застареност на американскиот логистички систем, особено во развојот на арктичките рути, каде што Русија има децениска предност. Во исто време, европските членки на НАТО се соочуваат со пад на капацитетот – Германија има помалку од 300 тенка, а британската морнарица старее, без доволно бродови за снабдување.
„Доколку избувне голема војна, НАТО нема да се бори како единствен сојуз – секој ќе ја игра својата игра, а резултатот би бил распад на алијансата“, предупредува Шрајвер.
Според кинеската анализа, митот за неповредливоста на алијансата полека се урива пред новите глобални односи на моќ – каде што Русија и Кина веќе ја покажаа способноста да дејствуваат надвор од рамките на западните очекувања.
Фото: принтскрин
Свет
Украинска делегација во САД се сретна со произведувачите на ракетите „томахавк“

Украинска делегација предводена од шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак е во посета на САД, каде што се сретна со претставници на компанијата „Рејтион“ (Raytheon), производител на ракетите „томахавк“ (Tomahawk), чие набавување Киев долго го посакува. Делегацијата ја сочинуваат и премиерката Јулија Свириденко, секретарот на Советот за безбедност, Рустем Умеров, заменик-министерот за надворешни работи, Серхиј Кислиција, и амбасадорката во САД, Олга Стефанишина.
Покрај „Рејтион“, тие остварија средба и со „Локид Мартин“ (Lockheed Martin).
Together with Prime Minister @Svyrydenko_Y, NSDC Secretary @rustem_umerov, First Deputy Foreign Minister @SergiyKyslytsya, and our Ambassador to the US @StefanishynaO,
we met with Lockheed Martin and Raytheon. Their tech is saving lives: F-16s and advanced air defense systems are… pic.twitter.com/kfmg5TzgmH— Andriy Yermak (@AndriyYermak) October 15, 2025
„Нивната технологија спасува животи – „ф-16“ и системите за противвоздушна одбрана го штитат украинското небо, а нивните офанзивни решенија ги поддржуваат нашите сили на фронтот“, изјави Јермак.
Прашањето за испорака на ракетите „томахавк“ се очекува да биде тема на средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски оваа недела. НАТО-извори сметаат дека ова оружје може да има значително влијание на бојното поле иако не е пресудно за текот на војната.