Црна хроника
Полицијата поднесе кривични пријави против 13 лица, кои не ги почитувале здравствените мерки
Полицијата поднесе кривични пријави против 13 лица, кои не ги почитувале здравствените мерки и не останале во изолација 14 дена, го прекршиле полицискиот час или, пак, не ги затвориле угостителските објекти, како што беше наложено со одлука на Владата.
СВР Гостивар поднесе кривична пријава против С. Д. (21) од с. Страјане, Гостиварско, кој не ги почитувал задолжителните мерки, се движел во ноќните часови на подрачјето на Гостивар и од полициски службеници бил приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. Пријава е поднесена и против С. Б. (44) од с. Страјане, Гостиварско, кој во временскиот период од 21 до 5 часот не ги почитувал задолжителните мерки, се движел на подрачјето на Гостивар, поради што бил приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошно постапување.
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава и против А. Љ. (33) од с. Балиндол, Гостивар, кој не ги почитувал задолжителните мерки и бил забележан како се движи со патничко возило „фолксваген бора“. Тој бил приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б. З. (29) од Тетово, кој во угостителски објект на улицата 107 во Тетово не ги почитувал мерките за затворање и неработење. На местото на настанот бил затекнат пријавениот, кој е сопственик на угостителскиот објект, и изјавил дека во угостителскиот објект преку шалтерски систем се послужувале граѓани со кафе и пијалаци. Во координација со Државниот пазарен инспекторат – Подрачна единица Тетово наведениот угостителски објект бил затворен.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривични пријави против М. С. (27), И. Д. (32), С. А. (21), сите од Свети Николе, и С. Ѓ. (19) од с. Немањици, Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. На 23.3.2020, М. С. и И. Д. не постапиле според писмената наредба издадена од страна на Министерството за здравство и потпишаната изјава за задолжителна самоизолација од 17.3.2020 при остварен влез во земјата, односно при извршена проверка биле надвор од своите домови, а С. А. и С. Ѓ. на 24.3.2020 не го почитувале воведениот полициски час, ги напуштиле своите домови и со патничко возило „сузуки свифт“ биле пресретнати од полициски службеници и биле лишени од слобода.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А. Г. (31) од Виница, кој се обврзал на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. На 19.3.2020 тој не се придржувал на изречените мерки, односно полициски службеници од Полициската станица Виница на магистралниот пат Кочани – Делчево сопреле и контролирале товарно возило „пежо“, управувано од пријавениот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривични пријави против В .Ќ. (44) од Виница. За време на полицискиот час, полициски службеници дале знак за сопирање патничко возило управувано од пријавeниот, но тој не застанал и продолжил со движење постапувајќи спротивно на одлуката на Владата за спроведување полициски час.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б. К. (32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Тој остварил влез од Германија во РС Македонија преку граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“ и потпишал изјава за спроведување задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. На 20.3.2020, при извршена контрола од полициски службеници на адресата што била наведена во изјавата како место на кое ќе ја спроведува самоизолацијата, тој не бил пронајден.
СВР Куманово поднесе кривични пријави против А. С. (39) од с. Водоврати, Градско, и С. С. (35) од с. Ќојлија, Петровец, кои спротивно на забраната за движење на населението од 21 до 6 часот се движеле со патничко возило „мерцедес“ по магистралниот пат Крива Паланка – Куманово. Од полициски службеници од Полициското одделение Ранковце биле сопрени и првопријавениот одбил да се легитимира по што го стартувал возилото и заминал во правец на Куманово. Околу 23.35 часот возилото било забележано од полициски службеници од СВР Куманово по што пријавените, по легитимирањето и извршениот преглед на возилото, биле лишени од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

