Спорт
Робен не потпишал за Јунајтед оти му смрдело во тренинг-кампот!
Многумина сметаа дека требаше да одигра уште некоја сезона, но холандскиот фудбалски интернационалец, Арјен Робен, по ангажманот во Баерн Минхен реши да ги закачи копачките.
На тој чекор се реши по помината цела деценија во Баерн, но не смее да се заборави неговиот придонес и во игрите на Челси, односно Реал Мадрид.
„Летечкиот“ Холанѓанец кариерата ја почна во Гронингем, па потоа играше во ПСВ, а во 2004 година направи трансфер во Челси.
Тогаш му се отворила можност да заигра и за клубот од „Олд Трафорд“. Некогашниот играч на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, на „Инстаграм“ одговарал на прашања на навивачи, меѓу другите и за тоа зошто пропаднал трансферот на Холанѓанецот меѓу „ѓаволите“.
„Каков играч, Робен беше сјаен. Требаше да го доведеме во Јунајтед. Мислам дека дојде во тренинг-кампот. Се прошета по кампот, не му се допаѓало како мириса, па прошета и отиде во Челси. Не можев да верувам. Ќе беше сјаен за нас“, рече Фердинанд.
Арјен Робен за Челси одигра 106 меча, постигна 19 гола, а имаше и 22 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Двајца македонски пингпонгари на светски младински камп во Кина
Два талентирани претставници на македонскиот пинг понг, Јован Пармачки и Матеја Смолиќ, ќе учествуваат на светски младински камп што ќе се одржи од 3 до 13 декември во Народна Република Кина. Кампот е организиран од Меѓународната пингпонгарска федерација (ITTF) и националната федерација на Кина.
Македонските пингпонгари ќе бидат предводени од селекторот Сашко Богатинов, а домаќин на подготовките ќе биде градот Ченгду, каде што ќе се соберат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.
Од Пингпонгарската федерација на Северна Македонија потсетуваат дека овој чекор доаѓа по соработката со Амбасадата на Народна Република Кина и средбата со амбасадорката Џијанг Сјаојан, која, како што наведуваат, веќе дава први резултати.
„На Матеја и Јован им посакуваме пријатен престој во Кина и собирање на големо знаење и искуство во друштво на најперспективните пинг понгари од целиот свет,“ соопштува федерацијата.
Спорт
Македонија во моментов е во четвртиот шешир за дополнителните квалификации за СП
Полека станува јасно кои репрезентации од Европа ќе играат на Светското првенство, а кое своето место меѓу 48-те репрезентации ќе го бараат преку дополнителните квалификации.
Во плејофот, во Европа, ќе учествуваат 16, а само четири од нив ќе се пласираат на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Каков е системот за дополнителните европски квалификации?
12 второпласирани репрезентации од квалификациите и уште четири од Лигата на нации одат во европскиот плејоф.
Тие ќе бидат поделени на четири турнири, а победникот од секој ќе се пласира на Светското првенство.
Ждрепката за дополнителните квалификации ќе се одржи во четврток, 20 ноември, а репрезентациите, според рејтингот ќе бидат поделени во четири групи.
Репрезентациите од првиот шешир ќе бидат домаќини на репрезентациите од четвртиот, а репрезентациите од вториот ќе бидат домаќини на репрезентациите од третиот шешир.
Победниците од тие натпревари ќе се сретнат во финалето на квалификацискиот турнир, чиј домаќин ќе биде одреден со ждрепка.
Според моменталната ситуација, вака изгледаат шеширите за ждрепката.
Прв: Италија, Турција, Украина, Полска
Двтор: Велс, Словачка, Шкотска, Чешка
Трет: Република Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово
Четврти: Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска.
Важно е да се напомене дека доколку Македонија го освои второто место во групата, односно доколку утре не загуби во Велс, тогаш за дополнителните квалификации противникот ќе го чека од третиот, а не од четвртиот шешир.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Мбапе бара од ПСЖ 240, ПСЖ од него 180 милиони евра
ПСЖ побара 180 милиони евра од Килијан Мбапе како компензација за неуспешен трансфер по понудата од саудискиот клуб Ал Хилал од 300 милиони евра, која играчот ја одби во јули 2023 година, изјавија адвокатите на ПСЖ пред судот во Париз.
Барањето на европските шампиони, кои се во спор со својата поранешна ѕвезда од летото 2023 година, е одговор на 240 милиони евра што ги бара Мбапе, особено за рекласификација на неговиот договор на определено време, во договор на неопределено време и наводното психолошко малтретирање што го претрпел по истекот на договорот.
Во судот за труд во Париз, ненавикнати да се занимаваат со толку важни и скапи случаи, адвокатите на ПСЖ, присутни во целост, се обидоа да создадат конфузија барајќи од судот за труд да му ја предаде надлежноста на судот во Париз, кој веќе беше надлежен за случајот, од истата причина.
Барањето беше одбиено, а прелиминарното рочиште пред судот во Париз, кое сè уште е во тек и е закажано за мај, беше одложено.
Спорот долго време го затегнуваше односот на ѕвездата со неговиот поранешен клуб. Напаѓачот беше надвор од првиот тим на почетокот на сезоната 2023/24 од ПСЖ бидејќи сакаше да му истече договорот на крајот од сезоната 2024 година, за да може како слободен играч да го напушти клубот.
Мбапе на крајот беше вратен по првиот ден од сезоната. ПСЖ тврди дека ова враќање е резултат на договор меѓу двете страни за откажување од дел од сумите што се должат на крајот од договорот со цел да се заштити финансиската состојба на клубот.
Капитенот на француската репрезентација, кој на крајот му се придружи на Реал Мадрид во летото 2024 година откако му истече договорот. Поради тоа од ПСЖ бара 55 милиони евра неплатени бонуси и исплати, тврдејќи, напротив, дека немало договор меѓу него и клубот за откажување од тие износи, тврдат изври блиски до фудбалерот.
Адвокатите на Килијан Мбапе пресметаа дека доколку неговиот договор на определено време се прекласификува како договор на неопределено време, заедно со претрпената штета, износот што клубот му го должи на играчот би достигнал 240 милиони евра.
Одлуката на Судот за труд не се очекува за уште неколку недели.

