Црна хроника
Штипјанец пренесувал хероин во автобус за Виена
Полициски и царински службеници заплениле 500 грама хероин, којшто го пронашле во ранецот на штипјанец кој се превезувал во автобус кој одел кон Виена, соопшти МВР.
Во неделата вечерта на граничниот премин Табановце на излез од Македонија, полициските и царинските службеници правеле контрола на автобус на Еуро бус од струшкото село Велешта кој сообраќал на релација Скопје – Виена.
Службениците извршиле детална контрола на неколку патници и при преглед на личниот багаж на дваесет и двегодишниот штипјанец пронашле хероин.
Хероинот бил скриен во долниот дел од ранецот, којшто имал дупло дно. Против штипјанецот е поднесена кривична пријава, а истражен судија му одредил 30-дневен притвор./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

