Спорт
ФИФА: Фудбалерите да прифатат намалување на платите

Светската фудбалска организација (ФИФА) бара начини како да ја ублажи кризата што ја предизвика пандемијата со вирусот КОВИД-19. Челниците на оваа организација одржале три часовна видео-конференција со Здружението на европските клубови (ФИФпро).
Двете страни се согласиле дека фудбалерите треба да прифатат намалување на платите до 50 отсто додека трае пандемијата.
Исто така било договорено дека клубовите во овој период не может да ги раскинуваат договорите со играчите и тренерите, односно фудбалерите нема да можат да прават трансфери до 30 јуни.
Заедничка одлука на ФИФА и ФИФпро е дека првенствата ќе можат да продолжат дури откако ситуацијата со коронавирусот ќе биде ставена под контрола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Жестока казна за Жозе Мурињо

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доби жестока казна поради инцидентот по крајот на турското дерби против Галатасарај.
Во понеделникот, по ремито 0-0 во големата пресметка во Истанбул, португалскиот стручњак имитираше мајмунски движења по реакциите на клупата на Галатасарај.
Потоа отиде во судиската соблекувална каде сакаше да разговара со главниот судија Славко Винчиќ од Словенија.
Поради сето ова ќе биде суспендиран на четири натпревари и ќе мора да плати парична казна од 35.194 фунти.
Однесувањето на Мурињо беше окарактеризирано како „чин против „спортскиот дух“ и „спротивно на етиката на спортот и концептот на фер-плеј“.
Фенербахче и официјално потврди дека ќе се жали на казната која му е изречена на Мурињо.
Спорт
Убедлив пораз на пелистер во Берлин

Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз во Берлин од Фуксе (39:29) во претпоследното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Со овој пораз македонскиот шампион остана без шанси за пласман во нокаут фазата.
Фуксе ја оправда улогата на апослутен фаворит. Во која насока ќе се движи натпреварот беше јасно по само десет минути игра кога домашниот тим дојде до водство 7:1. Пелистер до крајот на првиот дел успеа да истопи дел од предноста, но во вториот дел немаше сили да одговори на ритамот на Фуксе.
Филип Кузмановски со седум голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Шебиб постигна шест. Кај Фуксе Ландоф и Гидсел дадоа по девет.
Пелистер во последното коло го пречекува ПСЖ.
Спорт
Барселона и Бетис се договорија, Витор Роке се сели во Палмеирас

Барселона и Бетис постигнаа договор околу Витор Роке. Младиот Бразилец се враќа во татковината, кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.
Барселона за Роке плати речиси 40 милиони евра. Бразилецот беше најавен како нова голема ѕвезда, но ниту доби вистинска шанса најпрвин кај Чави, а потоа и кај Флик, ниту ги оправда очекувањата кога ќе добиеше шанса.
Минатото лето Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Не блескаше ниту кај Мануел Пелегри. Пред еден месец Барселона доби понуда од Палмеирас од 25 милиони евра и Барса да задржи 20 отсто од следната продажба.
Џоан Лапорта ја прифати понудата но мораше да го убеди Бетис да ја раскине позјмицата.
Тоа се случи откако Барселона се откажа од 30 отсто од правата што ги имаше врз Ез Абде. Барселона за крилниот напаѓач од Бетис доби 7,5 милиони евра и задржа 50 отсто од правата од наредната продажба. Со новиот договор Барселона од евентуалниот наводен трансфер на Ез Абде ќе добие 20 отсто.
Исто така Бетис од Палмеирас ќе добие компензација од 6 милиони евра.