Европа
Заврши спасувачката акција во метрото во Москва, 22 загинати

Завршени се операциите на спасување и извлекување на патниците по несреќата што се случи во текот на утринскиот шпиц во подземната железници во руската престолнина Москва кога воз полн со патници излетал од шините, во којашто според болнички извори загинале 22 луѓе а уште 162 се повредени, објавија во вторникот доцна вечерта градските власти.
Рускиот министер за итни ситуации Владимир Пушков изјави дека фазата на спасување е целосно завршена и дека за 30 часа сѐ мора да се врати во нормалата.„Вкупниот број повредени во несреќата во метрото изнесува 162 лица, од кои 22 се починати“, рекол за РИА Новости неименуван извор од болнички извори во Москва. Додал дека во моментов во болниците се наоѓаат 129 луѓе кои се лекуваат во 15 болници во руската престолнина. „Уште 11 лекарски интервенции биле укажани амбулантно“, додал соговорникот на агенцијата. Во вторникот во времето утринскиот сообраќаен шпиц три вагона од композицијата на ткн „сина линија“ во московското метро, на преминот од станиците „Парк на победата“ и „Славјански булевар“ на релативно благо свртување по острото закочување излетале од шините. Истрагата претходно ја отфрли можноста за терористички напад и треба да појасни дали станува збор за неисправност на некој од вагоните во композиција, грешка во пренасочувањето на шините, а првите осомничени се очекува наскоро да бидат соопштени.Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство на семејствата и блиските на жртвите, соопшти неговиот портпарол Дмитриј Песков. Путин, кој е во посета на Бразил, наредил итно покренување на целосна истрага за причините на несреќата. „Тоа е трагичен настан. Се случи несреќа, луѓе загинаа“, изјавил премиерот Дмитриј Медведев. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин кој го посети во текот на денот местото на несреќата, средата ја прогласи за ден на жалост./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин