Македонија
Градоначалникот на Прилеп со апел да не се шират паника и дезинформации
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска апелира да не се шират паника и дезинформации, да прекинат жигосувањата, бидејќи секому може да му се случи да биде инфициран од коронавирус.
„Треба сите да бидеме што повеќе изолирани во своите домови, да не излегуваме, бидејќи тоа е најдобриот начин да не бидеме зафатени од коронавирусот. Уште еднаш до нашите сограѓани сакам да упатам апел за смиреност, за спокојство. Да оставиме здравствените работници да си ја завршат својата работа. Ги охрабрувам и нив, ја разбирам и нивната растревоженост, бидејќи ова што ни се случува не е нешто секојдневно. Но, сето ова мора заедно да го издржиме зашто само така ќе ја победиме пандемијата“, порача Јованоски.
Тој рече дека Општинскиот кризен штаб е во перманентно заседавање и секојдневно презема нови мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Во таа смисла, денеска на сите матични лекари и стоматолози им се испорачуваат штитници за лице, а порачана е нова количина скафандери за заштита на медицинскиот персонал во здравствените институции. Исто така, во соработка со јавните претпријатија се врши дезинфекција на влезовите во зградите, во деновите од викендот повторно ќе бидат дезинфицирани главните и споредните улици, а на влезовите во градот ќе бидат поставени таканаречени речни корита со течност за дезинфекција на сите возила што доаѓаат од другите градови во Прилеп.
„Од вкупно земените 20 бриса во текот на вчерашниот ден, 4 се позитивни на коронавирусот, а 16 се негативни. Од нив, едно е дете на 9-годишна возраст, две се женски лица на возраст од 35 години и едно машко лице од 36 години. Епидемилошката служба работи на изнаоѓање на поврзаноста на случаите. Токму тоа е нивната задача – да се најде изворот на заразата. Можам само да потврдам дека детето и мајка му, кои се инфицирани со коронавирус, се во фамилијарно сродство со претходно потврдените два случаја. Анкетирани се сите оние што биле во примарен и секундарен контакт со потврдените случаи на заразени со Ковид-19“. Од понеделникот првпат почнаа да работат 14 пункта за тестирање на коронавирус на територијата на Република Северна Македонија, а еден од тие пунктови е во општина Прилеп и се наоѓа во просториите на Центарот за јавно здравје. Закажувањето е преку матичен лекар, на ‘Мој термин’“, информира директорката на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска.
Таа додаде дека тестот на синот на брачната двојка е негативен, а на кои вчера им беше утврдено дека се позитивни на коронавирусот и кои од вчера се наоѓаат на Инфектолошката клиника во Скопје. Во врска со четирите нови случаи на инфицирани со вирусот Ковид-19, Николоска соопшти дека сите се во добра здравствена состојба и моментно се во домашна изолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026
УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги.
Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја потврдуваат висината, видот и периодот на доходот, како и евентуално платениот данок во странство. Тоа, во пракса, значи дека даночниот обврзник треба да може документарно да го „затвори кругот“ – од исплатата до даночниот третман. Дополнително, за примената на договорите за избегнување двојно оданочување, УЈП упатува дека постојат насоки и процедури што ја дефинираат документацијата и начинот на пресметка.
Зад административната формулација стои појасна порака: контролата не е „локална“ работа. УЈП наведува дека во 2025 година, во рамки на меѓународната соработка, поднела 203 барања до странски даночни органи за проверка на документација за граѓани што преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Тоа е сигнал дека механизмите за размена на информации се активни и дека „ќе помине незабележано“ е сè послаб план.
Македонија
Одрон на патот Кичево-Гостивар кај Колари
На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.
Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин.
АМСМ информира дека од 05:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – велат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.
Македонија
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). Попладне на планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според УХМР, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер (над 60 километри на час).

