Македонија
Вратени 169 македонски граѓани од Хрватска
Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, вечерва организира враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб.
Претходно, во попладневните часови беше организиран лет за 118 македонски граѓани од Валета, Малта.
Враќањето на граѓаните беше организирано со летови на авиопревозникот „Визер“, кој за овие две дестинации на јавниот повик од Владата понуди најниска цена за авиобилетите. Граѓаните се обврзани сами да си ги покријат трошоците за авиопревозот, а задолжителниот 15-дневен карантин, кој беше еден од условите за нивно враќање во земјата, е на товар на државата.
Повикувајќи се на принципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови беа преезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.
Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјата на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

