Црна хроника
Заталкани куршуми во Гостивар, Тетово и Скопје, еден повреден

Три заталкани куршума се регистрирани викендов во Гостивар, Тетово и Скопје, при што едно лице е повредено, соопшти полицијата.
Во саботата околу 22,30 часот во Гостивар на улица Никола Тесла, во дворот од куќата на Ѓ.К.(1933), додека седел со повеќе лица, С.Н.(1969) од Гостивар, се здобил со прострелна рана од огнено оружје во пределот на левата страна на градниот кош.
По настанот С.Н. е пренесен во МЦ-Гостивар, каде му е укажана лекарска помош, по што е пренесен во Ургентен центар-Скопје.
Во периодот меѓу петок и сабота од 16,00-06,30 часот од страна на непознат сторител од засега непознат правец од огнено оружје испукан е еден куршум, кој завршил во дрвена округла маса, која била поставена во дворот на семејната куќа на улица Хо Ши Мин, сопственост на И.Н.(1953).
Проектилот од испуканиот куршум причинил незначителна материјална штета и во тој период немало никој од сопствениците.
Во истиот период, во Тетово на улица 108, од залутан проектил оштетено било ветробранското стакло на “Опел Манта“, сопственост на Е.В.(1960), кое било паркирано во дворот на куќата лоцирана на наведената адреса.
На возилото е причинета материјална штета од околу 12.000 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.