Црна хроника
Реновирани просториите на „тигрите“
Реновирани се просториите во коишто се сместени припадниците на единицата за специјални задачи „тигри“ во касарната “Илинден“.
“Полициските “Тигри“ се несомнено една од најподготвените специјални единици во Македонија, за што говорат бројните успеси што ги постигнуваат припадниците на единица на меѓународните натпреварувања во дисциплини карактеристични за вакви единици“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска посочи дека во овој момент МВР е во процес на обновување на составот на единицата, со оглед на тоа што неодамна МВР беше зајакнато со нов кадровски капацитет од 300 полициски службеници, кои согласно потребите и нивните афинитети ќе бидат распоредени во различни организациски единици, вклучително и во единицата за специјални задачи, односно популарните “тигри“.
Инаку, со реконструкцискиот зафат којшто целосно е изведен со средства на министерството меѓу другото комплетно се променети кровната конструкција, сите инфраструктурни инсталации, внатрешно преуредување на просториите, обновена е и фасадата на објектот, како и дислокација на резервоарите на системот за греење согласно потребните стандарди.
Според министерката Јанкулоска со реновираниот капацитет се овозможуваат за досегашните, но и за новите идни припадници на единицата поквалитетни услови за работи кои од своја страна ќе придонесат за уште поголема функционалност на единицата./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Паднат и со повреди во подземна гаража во Скопје е најден маж од Велика Британија
Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.