Европа
Откажани настапи на EODM поради изјавите дека редарите во Батаклан знаеле за терористичкиот напад

Два летни фестивалa во Франција ѝ ги откажаа настапите на американската рок група Eagles of Death Metal поради контроверзната изјава на фронтменот Џеси Хјуз дека редарите во париската концертна сала „Батаклан“ во Париз, каде што групата настапуваше кога беше извршен терористичкиот напад од ланскиот 13-ти ноември, знаеле дека се подготвува напад, пишува магазинот Rolling Stone.
Концертната сала „Батаклан“ беше една од шесте локации цели на терористичките напади, на која беа убиени 89 од вкупно 130-те жртви. Нападот за време на концертот на Eagles of Death Metal.
Во март годинава, пејачот на EODM Џеси Хјуз во интервјуто за Fox Business Network, изјави дека редарите во салата „Бакатлан“ имале инсајдерски информации дека таа вечер ќе се случи напад, па јавиле дека се болни.
Иако Хјуз се извини поради своите изјави, но организаторите на фестивалите Le Cabaret Vert и Rock en Seine најавија дека групата Eagles of Death Metal е отстранета од листата на изведувачи.
„Поради несогласувањата со некои тврдења кој ги изрече Џеси Хјуз во интервјуа за американските медиуми, фестивалите Cabaret Vert и Rock en Seine одлучија да ги откажат настапите на бендот. Се заблагодаруваме на разбирањето“, објавија во петокот организаторите на facebook.
Хјуз, пак, во друго интервју ги критикуваше строгите француски закони за контрола на вооружувањето на граѓаните, тврдејќи дека тие и овозможиле да дојде до терористичките напади.
„Дали вашата француска контрола на вооружување спаси барем еден човек во Батаклан? Доколку некој мисли дека да, би сакал тоа да го каже, бидејќи не се согласувам со тоа. Животот ги спасија најхрабрите луѓе кои некогаш сум ги видел во животот, луѓе кои свесно тргана во пресрет на можната смрт, луѓе со оружје“, рече Хјуз.
Хјуз набрзо во соопштение се извини поради тие изјави, признавајќи дека од трагедија во „Батаклан“ пати од пострауматско стресно нарушување и кошмари.
„Моите обвинувања дека некој поврзан со Батаклан играл улога во настаните од 13-ти ноември се неосновани и немаат основа и во целост ја преземам одговорноста за нив. Несим свој од тој настан. Понизно молам за пршка од жителите на Франција, работниците и обезбедувањето во Батаклан, обожавателите, семејствата, пријателите и сите кои сум ги навредил или повредил со својата бесмислена изјава“, наведе пејачот.,
Во моментов групата Eagles of Death Metal е на турнеја по Северна Америка, а европската ја започнуваат на 9-ти август во Полска, а кон крајот на месецот требаа да ги имаат двата настапа во Франција./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин