Економија
Италија до Германија: Помогнете како што ви се помагаше по Втората светска војна
Градоначалници од Италија и регионални гувернери ја повикаа Германија на солидарност во екот на пандемијата на коронавирусот во писмото објавено во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ потсетувајќи на помошта што оваа земја ја добила по Втората светска војна.
Италија има повеќе жртви од коронавирусот од која било друга земја. Заразени се над 100.000 луѓе, а починаа 11.591, што е една третина од смртните случаи на коронавирусот во светот.
Во писмото се нагласува зголеменото незадоволство на Италијанците од она што го сметаат за германска рамнодушност кон нивната мака.
Италија има кревка финансиска состојба и тешко е во такви услови земјата да се бори против пандемијата, па затоа бара заедничко преземање на долговите во еврозоната поради што предлага т.н. коронаобврзници, но земјите од северот на Европа одбиваат ваков чекор засега.
„Драги германски пријатели, сеќавањето помага да се донесе вистинска одлука“, се вели во писмото во кое се посочува на договорот од 1953 година за намалување на германските долгови со цел повоено закрепнување на таа земја.
Писмото го потпишале градоначалници од левичарски и десничарски партии, кои ги претставуваат северните италијански градови најтешко погодени од епидемијата на коронавирусот, вклучувајќи ги Бергамо и Милано.
Писмото е насочено и кон Холандија, која во Италија се смета за еден вид засолниште од данок на добивка и се нагласува дека оваа земја воспоставила поволен даночен режим кој со години одзема ресурси од сите поголеми европски земји.
Лидерите на девет земји членки, вклучително и Италија и Франција, неодамна во писмото испратено до претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, побараа да се овозможи издавање заеднички обврзници за финансирање т.н. коронаобврзници.
Целта на овие обврзници, кои земјите заеднички би ги гарантирале, е да овозможат поевтино задолжување од одделни членки со цел справување со кризата.
Германија, Холандија, Финска и Австрија се спротивставија на предлогот одржувајќи ја својата традиционална позиција долгот да не се дели со помалку конкурентни економии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.