Економија
Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови
Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за некои од нив. Сите што земаат авторски хонорари од државата, сега ќе добиваат по половина од договорената сума, односно 50 проценти.
За мерките соопшти премиерот Оливер Спасовски, според кого, со нив треба да им се помогне на граѓаните за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Во своето излагање тој рече дека со уредба од Владата ќе се одложи плаќањето на кириите од страна на граѓаните.
„Плаќањето закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници, а за фирмите ќе има посебна одлука во однос на плаќањето на кириите кај сите што издаваат под закуп“, рече Спасовски.
Извршителите, пак, до јуни не смеат да наплаќаат побарувања од граѓаните.
„До крајот на јуни не смее да има изврши дејства. Не смее да се постапува по дадени налози од извршители до крајот на јуни. Ова нема да важи ако парите се легнати кај извршителите и за случаи за алиментација за самохрани родители“, додаде Спасовски.
Советниците во општините нема да земаат надоместок за својата работа, освен оние што се невработени и тоа им е единствен приход.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Слободата на жената лежи во нејзината финансиска независност
Финансиската независност игра клучна улога во обликувањето на слободата на жената особено во свет кој непрестано се стреми кон рамноправност. Помина времето кога при економските одлуки доминираа исклучиво традиционалните родови улоги и непобитна вистина денес е дека слободата на жената лежи во нејзината способност да го зацрта сопствениот финансиски курс.
Економската самостојност и способноста да се контролира финансиската судбина им дава моќ на жените да прават избори усогласени со нивните аспирации, што не се поврзани со општествените очекувања или ограничувања.
Сепак, женското претприемништо на глобално ниво сè уште се соочува со многу пречки. Токму затоа, неопходно е посветување посебно внимание на поддршка на жените кои сакаат да развијат сопствен бизнис и креирање соодветни пакети на производи за поддршка на иновативните идеи на жените кои сакаат да се испробаат како претприемачи.
Халкбанк креираше пакет на производи за жени претприемачи со кој досега поддржа многу идеи и добар дел од нив се развија во успешни бизнис приказни. Овој пакет е наменет за микро, мали и средни претпријатија каде доминантни основачи или сопственици (над 51% сопственост) се жени, односно, кога основачи се правни лица, крајниот доминантен сопственик да е жена или повеќе жени.
Пакетот за жени нуди низа погодности како можност за добивање финансиски средства за основни и обртни средства во висина до 30.000 евра со рок на отплата до 60 месеци или над 30.001 евра со рок на отплата до 120 месеци, а максималниот износ на кредитот изнесува до 500.000 евра. Пакетот овозможува фиксна годишна каматна стапка за кредитите до 12 месеци и варијабилна годишна каматна стапка за кредити над 12 месеци.
Пакетот нуди и низа други бенефиции како бесплатно водење на сметката, пониски провизии за денарски платен промет и за плаќање налози преку е-банкинг, без месечен трошок за електронско банкарство и бесплатна изработка на ЛИБ за активација, деловна Мастеркард дебитна картичка без надоместок за издавање и намален трошок за 50% на годишна членарина, потоа 30% зголемени каматни стапки за депозити за правни лица, како и еднократен попуст од 15% за каско, домаќинско и патничко осигурување.
ПР
Економија
ТЕЦ „Неготино“ нова подружница на АД ЕСМ
Во согласност со изготвената анализа за присоединување на АД ТЕЦ „Неготино“ кон АД ЕСМ Скопје, утврдена е оправданоста од присоединувањето, со што се овозможува поефикасно и економски поисплатливо искористување на производствениот капацитет на АД ТЕЦ „Неготино“, порационално управување, искористување на оперативниот, производствниот и на управувачкиот персонал, информираат од АД ЕСМ.
Според нив, енергетската криза од 2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на АД ТЕЦ „Неготино“ во рамките на АД ЕСМ Скопје како од аспект на диверзификација на ризикот така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на електрична енергија на државно ниво. Исто така, треба да се има предвид дека двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па ваквиот предлог за статусна промена – присоединување на АД ТЕЦ „Неготино“ кон АД ЕСМ – Скопје е целосно оправдан и реализиран.
„Кога почна енергетската криза, Владата на Република Северна Македонија му бдаде согласност на АД ЕСМ да го активира со работа ТЕЦ ‘Неготино’ за привремено дополнително производство на електрична енергија во услови на енергетска криза и заклучно со 2022 година произведени беа 412.692 MWh електична енергија, а заклучно со 31 декември 2023 година произведе 346.248 MWh.
Произведената електрична енергија во ТЕЦ „Неготино“ за време на енергетската криза АД ЕСМ ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел за потребите на АД МЕПСО, а дел ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти по цени пониски од цените на берзата“, стои во соопштението.
Термоелектраната „Неготино“ почнала да се гради 1974, а изградена е во 1978 година. Последен пат претходно работела во производството на електрична енергија во 2009 година за во 2022 година, по 12 години пауза, како ладна резерва, во услови на енергетска криза, да биде вклучена за само 40 дена.
ТЕЦ „Неготино“ има вкупен расположив капацитет за производство од 180 мегавати, што е приближно еден блок на РЕК „Битола“.
Економија
Денеска почнува Глобалната недела на парите 2024: „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“
Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, од денеска до 24 март, дванаесетта година по ред, ја одбележуваат Глобалната недела на парите. Глобалната недела на парите традиционално се одбележува преку предавања и објавување едукативни материјали од областа на финансиите.
Темата на која е посветена годинешната Глобална недела на парите е: „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“ (Protect your money, secure your future), којашто се однесува на безбедното управување со парите и јакнењето на свеста за потенцијалните ризици во финансискиот сектор и заштитата на личните финансии. Таквите ризици вклучуваат финансиски измами, вклучително и сомнителни пораки (фишинг), измами при купување преку интернет, како и ризици поврзани со приватноста на податоците, како што е кражбата на идентитетот. Најчесто младите се жртви на финансиски измами, поради нивниот постојан допир со технологиите и пониската информираност за можните опасности при користењето на современата технологија и современите начини на плаќања за обезбедување нови финансиски производи и услуги. Оттаму, темата на овогодишната Глобална недела на парите ги поттикнува младите луѓе да гледаат подолгорочно и да бидат претпазливи при носењето финансиски одлуки и користењето на современите технологии.
Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Народната банка ќе организира повеќе предавања за учениците од основните и средните училишта. Народната банка организациски го поддржува и националниот натпревар на Европскиот квиз на парите 2024 година, којшто ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите.
Во меѓународни рамки, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот и со која се опфатени 60 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Повеќе информации за Глобалната недела на парите се достапни на врската: www.globalmoneyweek.org