Скопје
Одржана завршна конференција од Неделата на енергетика 2014
Централниот настан на десеттата Недела на енергетика 2014 се одржа во вторник во салата на Советот на Град Скопје.
Конференцијата со наслов „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка“, чија придобивка е зачувување на животната средина и природата, е целосно поддржана од RE-SEEties, проект со траење од две години, со буџет од 2.249.000 евра, кој се фокусира на проблемот на неефикасно искористување на ресурсите во градовите.
Проектот е поддржан од Европската унија и Транснационалната програма за соработка во Југоисточна Европа. Учествуваат осум општини од Југоисточна Европа (Будимпешта – Унгарија, Аигалиео – Грција, Потенца – Италија, Нитра – Словачка, Скопје – Македонија, Птуј – Словенија, Иванич Град – Хрватска, Харгита – Романија) и неколку професионални институции како партнери.
Целта е да им се помогне на општините да развијат интегрирано решение за отпад и енергија, за да се создадат урбани заедници кои ефикасно ќе ги искористуваат ресурсите.
На конференцијата се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој рече дека Градот реализира повеќе проекти во насока за зачувување на животната средина.
„Свесни за сè повисоките трошоци за енергија, за важноста на сигурното снабдување со енeргија, како и климатските промени предизвикани од ирационалното користење на енергијата, Градот Скопје придонесува за намалување на потрошувачката на фосилни горива за затоплување, намалување на емисиите на стакленички гасови и промоција за користење обновливи извори на енергија“, рече Трајановски.
„Проекти на кои Градот Скопје веќе работи, а придонесуваат кон зачувување на животната средина и природата се: тригодишната програма за енергетска ефикасност на објектите кои се под ингеренции на Град Скопје, промена на над 95% на уличните светилки на улиците кои се под ингеренција на Град Скопје со натриумови светилки (енергетски ефикасни), економично регулирање на топлински станици (систем со второстепена регулација), гасификација на две средни училишта, направени проекти за гасификација за уште две средни училишта и моментално е во тек почеток на изведба на системите, извршена е промена на ПВЦ прозорци во речиси сите средни училишта на Град Скопје, направена е целосна реконструкција на фасадата (изолација со стиропор со дебелина од 10 сантиметри), промена на старите прозорци со нови ПВЦ и промена на покривот на СУГС „Јосип Броз Тито“, како мерки за енергетска ефикасност на објектот, градот Скопје е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој има централно регулирање на сообраќајот, преку донацијата на Владата на Р.Македонија, во сообраќај се веќе вклучени 100% нови автобуси во Јавното соообраќајно претпријатие со кои ќе се заштеди големо количество гориво и ќе се намали емисијата на штетни гасови за подобрување на квалитетот на воздухот во градот, се работи на проект за реконструкција на семафорите и илуминација на фасадите во центарот на Градот со лед светилки, преку многубројни проекти се развива свеста кај граѓаните за користање на велосипедите како превозни средства, а се организираат и различни манифестации во овој контекст, проширување на постојните велосипедски патеки и изградба на нови, проширување на старите сообраќајници во нови современи булевари, изградба на нови современи сообраќајници и изготвување проекти за нови сообраќајници со кружни токови на раскрсниците, се со цел за континуирано движење на возилата, а со тоа нивно економично трошење на горивото и помала емисија на издувните гасови“, велат од Град Скопје.
Настанот беше организиран со цел споделување позитивни искуства од меѓународна соработка кои вродиле со плод, а се од значење за граѓаните и заедницата, да ги сплоти стекнатите искуства и позитивните примери од успешни практики, како и продлабочување на соработката во меѓународни проекти од областа на животната средина и ефикасното искористување на ресурсите.
Настанот го организираше Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Град Скопје, а финансиран е од меѓународниот проект „РЕ –СЕЕтиес“, дел од ЈИЕ програмата на ЕУ.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.




Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

