Македонија
Од денеска во функција за тестирање на коронавирус е и пунктот во Поликлиниката „Млин Балкан“
Министерството за здравство инфомира дека од денеска во функција е уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката „Млин Балкан“.
Граѓаните на Скопје може да се тестираат во четирите пункта во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ченто“, „Чаир“ и во „Млин Балкан“. Со ова двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје.
Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга.
Граѓаните одат во пункт за тестирање само во точниот термин закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот.
Граѓаните што имаат симптоми на Ковид-19, но и тие без симптоми, треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. Во согласност со ова матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес вклучени се речиси 1.200 матични лекари, кои, освен за детекција, задолжени се и за следење на пациентите.
До крајот на неделата почнуваат со работа и други пунктови во државата во здравствените домови во согласност со големината на градот, што всушност значи трикратно зголемување, како што информира на вчерашната прес-конференција министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за својата здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Улична трка во чест на Денот на ослободување на Куманово
Во чест на Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, денеска се одржа традиционалната улична трка, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт. На трката низ улиците на централното градско подрачје учествуваа над 500 ученици од општинските основни и средни училишта.
По завршувањето на оваа масовна спортска манифестација, секретарот на Општина Куманово Емилија Сларидис Јаневска и раководителите Јовановиќ и Крстевски на најдобрите натпреварувачи, кои ги освоија првите три места во двете категории, им доделија медали, дипломи и маици, како признание за спортскиот дух и ангажман.










Македонија
Крива Паланка, Аеродром и Делчево се трите општини со најголема отвореност на буџетирањето
Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ го презентираа индексот на отвореност на општините за 2024 година. Од оваа година индексот вклучува и компонента за мерење на нивото на антикорупција на локално ниво. Индексот за отвореност на општините се мери 5-та година по ред.
Во 2024 година најотворени во однос на буџетирањето биле општините Крива Паланка, Аеродром и Делчево кои на индексот се највисоко рангирани. Сепак, велат од ЗМАИ, општините можат направат повеќе во однос на механизмите за антикорупција.
Според мерењето за нивото на антикорупција само 4 општини имаат задоволителен резултат.
На национално ниво индексот бележи минимален пораст во однос на оној за 2023-та година од 0,3 поени.
Настанот на тема: „Зајакнување на локалните антикорупциски мерки преку инклузивно и транспарентно буџетирање“, под мотото „Со вклучени граѓани до подобри општини“, е поддржан од СЕЛДИ – Регионалната мрежа за антикорупција, по што ќе следи модерирана дискусија и сесија за прашања.
Виктор Митевски од ЗМАИ верува дека е важно да се создадат услови каде мерењата на експертските организации ќе станат основа во финансирањето на проектите на локално ниво од страна на Централната власт и меѓународните партнери.
„Сведоци сме дека голем број граѓански организации ги мерат општинските процеси од различен аспект, а истовремено гледаме дека тие мерења влијаат на подобрување на состојбите. Веруваме дека е време да ги здружиме силите и заеднички да направиме еден унифициран индекс кој потоа ќе може да биде системски користен и од институциите и од сите донатори кои работат со општините. Иако прв пат го мериме нивото на мерките за антикорупција добро е дека немаме недоволен резултат кај ниту една од општините. Сепак, постои огромен простор за подобрување, особено кај јавните набавки, каде конкуренцијата е многу мала и утврдивме чести набавки со 1 понудувач“, изјави извршниот директор на ЗМАИ.
Митевски додава дека, честите промени на годишните планови за јавни набавки и нивната ниска реализација во дел од општините, отвораат сомнежи за можни злоупотреби. Затоа, рече тој, треба да создадеме систем во кој менаџерската одговорност ќе биде алатка со која граѓаните ќе можат да бараат одговорност и отчетност од општините.
Македонија
Никола Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ нов претседател на Советот на Општина Бутел
Денеска се одржа првата конститутивна седница на советот на Општина Бутел на која беа верифицирани мандатите на избраните членови на советот.
На оваа седница со мнозинство гласови беше избран и новиот претседател на советот на Општина Бутел, Никола Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот Дарко Костовски му честита за изборот и му посака успешна работа.
„Искрено и од се срце се надевам на одлична и конструктивна соработка со Советот на Општина Бутел и дека заедно ќе реализираме многу проекти за доброто на граѓаните на Општина Бутел“, рече Костовски.

