Свет
Ердоган: Секоја фирма да вработи по еден невработен, така ќе ја решиме невработеноста

Секоја фирма да вработи по еден невработен, предлага турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како решение за невработеноста во земјата, пренесува France Presse.
„ТОББ денеска има речиси милион и половина членови. Ако секој член сега вработи по едно лице, што тоа би значело? Тоа значи работа за 1,5 милиони невработени“, рече Ердоган, кој ја повика на ваков чекор главната организација на турски работодавачи, Сојузот на трговски комори и стоковите берзи на Турција(ТОББ) .„За жал, нема парите да ги однесеме со себе во гроб. Ќе останат овде. Кога е така, да им дадеме работа на оние што ја немаат“, рече Ердоган на конференција за здравје и безбедност при работата во Истанбул.„Што може фирмата да загуби, кажете ми? Дали ќе пропадне затоа што вработила едно лице? Нема. Токму напротив, ќе има од тоа полза. Тоа е толку едноставно“, рече Ердоган, чиј говор беше проследен со умерен аплауз.Редовно обвинуван за популизам, турскиот претседател предизвикува загриженост во турските бизнис кругови со сѐ поголемото мешање во економски прашања, на пример со константното повикување на турската централна банка да ги намали каматите, ризикувајќи при тоа раст на инфлацијата.По економски поволната деценија, турската економија од 2012 година расте побавно.Просечната стапка на раст изнесуваше 3,93 отсто од 1999 до 2015 година.Во првиот квартал на 2010 година растот изнесуваше рекордни 12,6 отсто.Во последниот квартал на 2015 година турската економија порасна 5,7 отсто во однос на претходната година, што е највисока стапка на раст од третиот квартал на 2011 година.Растот за цела 2015 година изнесуваше 4 отсто, за разлика од 3 отсто во 2014 година.Инфлацијата во април оваа година изнесуваше 6,6 отсто, јавниот дефицит изнесува 1,2 отсто,а во јануари невработени биле 11,1 отсто од работната сила, покажуваат податоците на Турскиот институт за статистика. /крај/он/ст
Извор: France Presse
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.