Контакт

Свет

Грција го одби продолжувањето на пакетот помош

Објавено пред

Средбата на Советот на министрите за финансии на 19 земји членки на европската монетарна унија посветен на спасувањето на Грција и нејзината идна позиција во заедницата на земјите со единствената валута е завршен во понеделникот навечер без резултатот, откако Атина го одби продолжувањето на програмата за меѓународната финансиска помош за кој доби рок до крајот на седмицава да го прифати.

dobivaj vesti na viber

Веста за неуспехот на преговорите во Брисел, прва го објави грчката државна телевизија во Атина во време додека се’ уште се водеа преговори и можно е дури и токму поради тоа е прекинат и состанокот, наведува извор од Советот на ЕУ за AFP.

Грчкиот министер за финансии на состанокот Јанис Варуфакис одржал получасовен говор, меѓутоа без да презентира ниедна конкретна бројка, како што велат европски дипломатски извори за агенциите, и ги одбил сите компромисни предлози од партнерите од еврозоната за шестмесечно продолжување на меѓународниот пакет финансиска помош со почитување на сите одредби од договорот со „тројката“ доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, предизвикувајќи целосен хаос во преговорите.

„Следниот чекор мора да го преземе Грција, а што се однесува на календарот останува само уште оваа седмица“, изјави на прес-конференцијата по состанокот зад затворени врати претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселболм, откако дефинитивно беше соопштено дека е прекинат состанокот, имајќи предвид дека Грција одби да бара продолжување на сегашната програма за помош, која истекнува на 28-ми февруари.

Министерот Варуфакис, според грчки државни извори за Reuters, го отфрлил предлогот од заедничката изјава за меѓународна помош за Атина, кој на срдбата во Брисел го претставиле министрите за финансии од еврозоната.

„Истрајноста на некои дека грчката влада треба да продолжи со спроведување на актуелната програма за помош за излегување од кризата е неразумна и не може да биде прифатена. Тие кои постојани се враќаат на тоа прашање само го губат времето. Под тие услови денеска нема да дојдеме до договор“, изјавил за агенцијата неименуван грчки функционер.

Претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселблом, изјави дека Грција може да бара продолжување на актуелната програма за помош до крајот на оваа седмица, како и дека следниот состанок на министерот за финанси на еврозоната ќе се одржи само доколку таа тоа го стори.

„Општото расположение во еврогрупата се’ уште најдобар пат за напредување за грчките власти би било барање за продолжување на програмата. Едноставно повеќе немаме време. Доколку барањето за продолжување дојде, би можеле да имаме, доколку и можело да се предвиди позитивен исход, специјален состанок во петок“, рече Дијлселблом.

Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровски по речиси четиричасовните преговори изјави дека партнерите од еврозоната се расположени да ги продолжат преговорите, доколку и кога Грција ќе го измени својот став. Пред преговорите, малтешкиот министер за финансии, Едвард Скиклуна, оцени дека одбивањето на грчката влада би претставувало „вистинска катастрофа“ и порача дека „Грција мора да се прилагоди и да ја сфати сериозноста на ситуацијата, бидејќи времето истекува“.

Од сегашната програма Грција би требала да ја добие последната транша од 7,2 милијарди евра, но со услов за нови буџетски кастрења, што е неприфатливо за владата во Атина предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза, која дојде на власт благодарејќи токму на ветувањата ред предвремените парламентарни избори од 25-ти јануари дека ќе ги укине непопуларните мерки за штедење, и ќе издејствува нов договор за програмата за помош.

Без споменатите средства Грција наскоро може да остане без пари да ги сервисира своите долгови, што може да резултира и со нејзино излегување од еврозоната.

„Излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде најскапото од сите можни сценарија“, го цитираше минатиот петок германскиот весник Der Spiegel челникот на фондот Европски механизам за стабилност (ESM), Клаус Реглинк во контекстот дека грчкото излегување од еврозоната може да го иницира и излегувањето на Кипар од зоната на употреба на единствената европска валута.Европски извори за весникот посочиле дека економиите на Грција и Кипар се толку тесно испреплетени, што доколку Атина излезе од еврозоната, Никозија ќе биде принудена да го следи нејзиниот пример. Финансиските експерти на еврогрупата и на Европската централна банка (ECB)симулирајќи ги можните сценарија во врска со можното одбивање на Грција да го користи повеќе еврото, одлучиле оти во таков евентуален случај дека Кипар би добил дополнителен мотив да ја врати националната валута.

„Продолжувањето на програмата за помош во Грција нема алтернатива. Ќе го продолжиме дијалогот оваа седмица“, изјави еврокомесарот за економски и финансиски работи Пјер Московиси.

Функционери од Европската унија за Reuters изјавиле дека разговорите се завршени доколку Атина не ги промени својот став и биде истрајна во предизборното ветување за отфрлање на пакетот во износ од 240 милијарди евра, соработката со инспекторите од ЕК, ЕСВ и ММФ, прекинување на политиката на штедење и барање отпис на дел од долго и покрај тоа што веќе ѝ беа отпишани околу 100 милијарди евра долг кон приватните доверители, доколку не ѝ биде дозволено редефинирањето на враќањето на долгот кој во моментов изнесува 320 милијарди.

Поради стравувањата дека преговорите пропаднат, зголемени се стравувањата за излегувањето од еврозоната што лошо се одразува врз грчките банки и пазарите.

„Ова е многу негативен развој на настаните за банките и економијата. Одливот на парите ќе продолжи. Дневно губиме 400 до 500 милиони евра, околу две милијарди евра седмично. Ќе имаме голем притисок врз приносите од акциите и обврзниците“, изјави во анкетата на Reuters неименуван грчки банкарски експерт./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

Голем број деца исчезнаа во поплавите во Тексас, потврдени 27 жртви

Околу 27 луѓе, меѓу кои и девет деца, загинаа во поплавите во централниот дел на Тексас, соопштија властите денеска, додека...

Македонија9 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија9 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ9 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ10 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет13 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија13 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија13 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт14 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија1 ден

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 ден

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ1 ден

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија1 ден

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ1 ден

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...